Внимавајте на следните два податоци кои се доказ за тоа дека веќе сите репрезентации играат фудбал и секој може да победи секого.
Првиот: Ниту една селекција не успеа да оствари три победи и да ја заврши групната фаза со 9 бода.
Вториот: Во осминафинале има претставници од сите шест континенти: Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија и Океанија.
Во групната фаза Јапонија ги победија Шпанија и Германија и ги испрати Германците дома.
Мароко ја совлада Белгија и ја испрати дома. Јужна Кореја ја совлада Португалија и го испратија Уругвај дома. Австралија ја доби Данска и ја испрати дома.
Да не се заборави и дека Саудиска Арабија ја победи Аргентина со пресврт, а Камерун е првата африканска земја која успеала да го добие Бразил.
Па зарем некој може да му најде маана на овој Мундијал кој уште по фазата по групи донесе пеколно тешки, неизвесни и компликувани разврски кои донесоа многу солзи, радост, тага, возбуда, адреналин, разочарувања.
Ако успеат сите фаворити да ја минат осминафиналната фаза, на Мундијалот во Катар ќе гледаме пеколни четвртфиналиња кои би изгледале вака:
Холандија - Аргентина
Хрватска - Бразил
Англија - Франција
Шпанија - Португалија
Тоа значи дека едното полуфинале можно е да биде Бразил - Аргентина, а другото Франција против Шпанија или Португалија или пак Англија против Шпанија или Португалија.
Осминафиналните возбудувања стартуваат денеска во 16:00 часот со мечот Холандија - САД, а продолжуваат во 20:00 со средбата Аргентина - Австралија.