Случајот стига до италијанскиот парламент каде фама кренал сенаторот Пјерантонио Занетин од партијата Форца Италија.
„Точно е дека се извини во живо, но гафот сè уште е непростлив. Веднаш им поставив прашање на министрите за спорт и економски развој барајќи од нив да ја оценат можноста за санкции против коментаторот, а можеби и телевизискиот радиодифузер. Со расизам не се прават шеги и не се дозволени попуштања“
Во меѓувреме, телевизиската платформа Eleven Sport одлучила да го отпушти коментаторот.
„Црнецот со број 15. Внимание изведува црнецот. Се извинувам, внимание изведува Греко“, вели коментаторот.
Инаку за Лацио во периодот 1993 - 2005 играше бек по име Паоло Негро.