Франција лесно ја суреди Полска и ја испрати дома

По Холандија и Аргентина, Франција е третиот четвртфиналист во Катар кој со 3:1 очекувано и моќно славеше над Полска. Жиру со 52 гола стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација со што го мина Анри, а Мбапе најмлад стрелец кој со 9 гола на Мундијалите го сруши рекордот на Пеле.

ФРАНЦИЈА - ПОЛСКА 3:1

1:0, 44 минута - Жиру

2:0, 74 минута - Мбапе

3:0, 91 минута - Мбапе

3:1, 99 минута - Левандовски

4 декември 2022 - 18:32