Фудбал

Тензии во Вардар, Миленко им забранил влез на Комити во тренинг центарот

Меѓу извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски и навивачите кои поседуваат 15% од акциите на клубот, дефинитивно не одат работите. Вратата денеска била затворена за вториве.

Нејмар, парадокс на фудбалот и милионите

Или поточно фрлање пари во вода. Тоа беше Нејмар во 2024-та. За секој допир со топката во текот на годината, Арапите му плаќале над 1 милион евра.

Е ова е мангуп од пеналџија

Едни земаат предолг залет, други се тегнат 5 саата за да го збунат голманот, трети потскокнуваат како Белингем против Димитриевски. Во Бразил на меч од категоријата за играчи до 20 години ќе ви покажат како се шутира пенал. Чиста работа.

Снимка со Влаховиќ и 5-6 жени

На социјалните мрежи се врти клип од Душан Влаховиќ, најверојатно од хотел, каде се наоѓа со пријател и пет жени. Не би требало да има проблеми, бидејќи видеото е од 29 мај 2023-та кога поради повреда не играл на мечот против Милан и плус тука уште не е женет.

Две ракети во ФА Купот

Фулам го совлада Ватфорд со 4:1 во 3. коло од ФА Купот. Одиме прво со бомбата на гостите, голчиште зад кое стои Роко Вата, а потоа со првиот гол на мечот кој го постигна Родриго Муниз. Ја закова ко шајка.

Маскота на Тотенхем си поигра со Салах

Нетипична сцена во англискиот фудбал, каде одредени деца се привилегирани да стојат рамо до рамо со ѕвездите. Па уште и девојче, не баш мало.

Провокаторски потег на Белингем и нови турканици на чело со Винисиус

Нов меч на Реал Мадрид, нови тензии. Како претплатени да се. Овој пат во второто полуфинале од Супер Купот против Мајорка кое го добија со 3:0. И се разбира се знае кој е главниот, Винисиус, кој прво се оправаше на терен, а потоа и во тунелот. Ама и Белингем не бил за машала. Заушки му удираше на Пабло Мафео.

Епа редар си, не ти следува столче

Турска (не)прецизност на сезоната.

Кога голманот е пола тим

Во ракомет честопати голманите ги решаваат натпреварите со познатата формула „спуштање ролетни“. Но тоа знае да се случува и во фудбалот. Некој се потрудил на едно место да собере бајаги лудачки интервенции, сите за најавни шпици.

Забавата која фали на Бернабеу се вика Марсело

Каков лик беше Марсело. Додадена вредност на Реал Мадрид. 16 сезони, 25 трофеи, преку 500 настапи. Имаме компилација од 1 минута. Милина за гледање.

За првпат во 154-годишната историја на ФА Куп би можеле да играат татко против син

Англискиот ФА Куп важи за најстарото фудбалско натпреварување на светот. Вечерва би можело да се случи вечно младиот Ешли Јанг (39 години) да испише историја со неговиот 18-годишен син Тајлер Јанг.

Ретро на денот со Парма и Хернан Креспо

На моќно ретро налетавме, полно со тешкаши, а старо точно четврт век. Златното доба на италијанско.

Спектакл во чест на 125 години Лацио

Фудбалскиот клуб Лацио, еден од најстарите во Италија, слави 125-ти роденден. На плоштадот на слободата (Piazza della Libertà) во Рим се собрале околу десетина илјади тифози на Лацио кој одбројувале пред полноќ. Вечер исполнета со многу огномети, пиротехника, шалови и песна. Среќен роденден Лацио!

Дете најискрено ќе си каже

Маскотите, како што во Англија ги викаат децата кои заедно со играчите фатени за рака излегуваат на теренот пред натпреварот се мошне забавен дел од секој меч. Коментаторот на Скај Спорт констатира дека оние на Тотенхем од недела во недела се најсмешни, најзабавни. Така беше и синоќа пред мечот со Ливерпул од полуфинале на Лига Куп. Едно дете му дофрли на Ван Дајк:

Барса лесно против Атлетик Билбао, Ламал одново правеше шоу

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик Билбао 2-0 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кој се игра во Саудиска Арабија. Мечот го одбележија сјајните Гави со гол во 17-та минута и Ламин Јамал со погодок во 52. минута за конечни 2:0. Барселона во финале ќе го чека победникот од дуелот Реал Мадрид - Мајорка кој се игра вечерва од 20.00 часот.

18-годишен бисер на Тотенхем го матираше Ливерпул

Во првиот натпревар од второто полуфинале на англискиот Лига Куп, Тотенхем пред повеќе од 60.000 гледачи го совлада Ливерпул 1-0 и му го нанесе само вториот пораз на последните 20 средби во овој турнир. Ливерпул играше со 10 играчи при голот на младиот Лукас Бергвал зошто левиот бек Костас Цимикас примаше лекарска помош после груб недосуден фаул токму од Бергвал пред самиот погодок.

Служба е служба, ама дерби е дерби

Градската пресметка меѓу Рома и Лацио е посебно соочување, кое се доживува само два пати во една сезона. Тоа што го ставиле полицаецов во неделата втора смена е како бонус да му исплатиле. Победија неговите 2:0.

Барселона распродава вредни предмети на аукција

Фудбалскиот клуб Барселона кој се наоѓа во исклучително тешка финансиска состојба, изнаоѓа разни начини да заработи нешто со цел да покрива разни милионски дупки.

Надреална футсал мајсторија во Русија

Да немаше забавена снимка, веројатно немаше ниту да сфатиме како да го изведе ова. Иако, да бидеме искрени уште не ни е јасно до крај.

Јуначка партија на Предраг Рајковиќ со три одбранети пенали

Ал Итихад и Ал Хилал одиграа драматично четвртфинале во кралскиот Куп во продолеженија и пенали. 120-те минути фудбал донесоа резултат од 2:2 кои ги постави двојниот стрелец Карим Бензема, кој израмни во 114-та минута. Пеналите ги реши првиот голман на Србија, Предраг Рајковиќ кој фати 3 од 4 и со тоа го однесе Ал Итихад во полуфинале. Само на својот сонародник Милинковиќ Савиќ не успеа да му ја одбрани.

Бекот на Милан го повреди својот тренер при прослава на гол

Сержо Консеисао после само неколку дена на клупата на Милан освои вреден пехар во Супер Куп на Италија. Прво го совладаа Јувентус во полуфинале 1:2 после пресврт, а после и Интер во големото финале после уште полуд пресврт од 2:0 на 2:3. При прослава на победничкиот гол на Тејму Абрахам бекот Емерсон Ројал го повредил тренерот Консеисао.

Реакцијата на соиграчите на Мегваер кога го утна цел гол во 97-ма е хит

Аморим и неговите помошници се држат за глава, Онана паѓа на земја, а најјака е камерата која фатила како реагираат петмина играчи на Јунајтед кои се наоѓаат на центарот од теренот. Манчестер Јунајтед одигра изненадувачки 2:2 на гости против Ливерпул, но можеше да си замине дома со цел плен.

Столе празнично

Столе Димитриевски одлично го користи отуството на Мамардашвили во Валенсија, а во последното коло против Реал имаше водство до 85-та минута од 1:0. И надвор од терен има стил.

И Енфилд Роуд е за реновирање

Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа 2-2 во големото дерби на англискиот фудбал. Гостите први поведоа преку Лисандро Мартинез, домашните израмнија па направија пресврт а на крај Амад Диало одново беше спасител за Јунајтед кој избегна пораз од најлутиот ривал. Дента и претходните денови во Ливерпул имало врнежи на обилни снегови и дождови па кровот на „Енфилд Роуд“ ги покажал сите слабости.