Фудбал

Чудесија од гол на 41 годишниот Тијаго Силва и тоа во 98 минута

Легендарниот бразилски стопер кој играше за Милан, ПСЖ и Челси, уште игра фудбал, а роден е 84-та. Му донесе 3 бода на Флуминенсе на дуелот против Јувентуд со велемајсторка акробација во 98 минута. Сигурно еден од најјаките голови во кариерата, ако не е и најјак.

Малдини да ви покаже како се чува Ибрахимовиќ

Златан тука има 26 години, а Паоло 40, плус зборуваме за градско дерби. Дефиниција за игра во одбрана против тешка градба за чување. Без пардон му влезе.

Култниот мурал на Марадона во Неапол прекриен во знак на протест

Светски познатиот мурал на легендарниот Диего Армандо Марадона во Неапол бил прекриен во знак на протест на локалните продавачи на сувенири на кои инспектори им ја одзеле робата.

Асистенција и забивање во НБА какви што нема ни на видео игрица

Во уште еден од бројните НБА пред-сезонски натпреври, Шарлот Хорнетс убедливо го совладал Мемфис Гризлис 145-116. Мајлс Бриџис бил најефикасен кај „стршлените“ со 29 поени, 10 скока и 5 асистенции. ЛаМело Бол имал 23 поени, 5 скока и 8 асистенции од кои една луда после дриблинг меѓу нозе на противник.

На Лукаку не му давале да го погребе татко му во Белгија, погребен е во Конго

Ромелу Лукаку и брат му Џордан објавиле заедничка објава на друштвените мрежи во која ги осудуваат семејните кавги поради кои биле спречени во намерата телото да го вратат во Белгија и татко им да го погребаат во Брисел.

Што го тера Модриќ да ја предаде својата душа на „Ѓаволот“?

Не е во прашање само неговата кондициона подготвеност. Силата на Лука лежи во неговата желба да продолжи да победува со Милан. А комбинацијата функционира совршено.

ФИФА спрема ново правило, тренер да крене картон за да се гледа ВАР

Ова правило како и сите во обид, се пробуваат најпрвин во младинскиот фудбал. Таму се експериментира па ако пројде добро, полека го внесуваат во сениорски фудбал. На дуелот од полуфинале на Светско првенство У-20 меѓу Мароко и Франција, мароканскиот селектор го искористи правилото да крене картон за да побара гледање ВАР. Ова е ново правило со кое ФИФА им овозможува на селекторите и тренерите да бараат ВАР и секако ќе биде ограничено на едно или две барања во текот на натпреварот.

Оптегни ја во агол, ич не му ја мисли

Нејмар го нема ама Сантос без него го совлада Коринтијанс со 3-1 во 27. коло од бразилската Серија А. Домашниот фудбалер Бареал во 39' минута постигна фантастичен гол каков што ретко се гледа по терените.

Италијанците ја свиреа химната на Израел

Италија го совлада Израел 3:0 во мундијалските квалификации. Публиката му кажа на гостинот што мисли за геноцидот во Газа.

Рогни ја од пола терен, што ја вртиш

Мариано Торес од Коста Рика ги збуни и соиграчите и противниците и публиката и коментаторот.

Гатузо: Ако не одам на Светско, ќе бегам подалеку од Италија

Џенаро Гатузо е првиот италијански селектор кој ја надминал границата од 10 гола на првите три натпревари, а во неговиот случај рекордот гласи 13 постигнати голови. На четвртиот меч стигна до нови 3 гола или вкупно 16 досега. 5:0 и 1:3 против Естонија, 4:5 и 3:0 со Израел. Секогаш е оригинален во изјавите.

Тимот на Југославија У-21 во 1990-та

Кога сме веќе на тема репрезентативен фудбал, одиме со следниов состав: Андреј Панадиќ, Роберт Просинечки, Мирослав Ѓукиќ, Синиша Михајловиќ, Драгоје Лековиќ, Давор Шукер, Звонимир Бобан, Дејан Савиќевиќ, Бранко Брновиќ, Роберт Јарни, Џони Новак. Како ви звучи?

Нокаутиран селекторот на Катар Хулен Лопетеги

Катарците со 2-1 ги победија Обединети Арапски Емирати и обезбедија пласман на Светско првенство 2026. На гостите им требаше и бод за да тие одат на Мундијал ама изгубија и Катар ќе биде уште еден учесник од Азија. За време на дуелот, шпанскиот тренер Хулен Лопетеги кој е селектор на Катарците доживеа страшен удар со топка во глава.

Хрватот се отвори на евроголот на Барди

Уште не сме завршиле со мундијалските квалификации за овој месец. Го слушнавте ли хрватскиот коментатор на Спортклуб како го пренесе голот на капитенот на Македонија? Мислиш Лука Модриќ го даде.

Евроголот на вечерта е дело на Арбер Хоџа

Албанија не е за потценување. Под водство на Бразилецот Силвињо имаат скор од 16 победи, 6 нерешени и 9 порази и се многу блиску од бараж за Светско. По триумфот над Србија на гости, синоќа играа пријателска против Јордан кој го добија со 4:2. Погледнете го ударов на Хоџа од Динамо Загреб. Страшна бомба.

Друг пат на тренинг да ги договарате слободните удари

Нуно Мендес, Роналдо и Бруно Фернандеш се договараа што да искомбинираат од прекин против Унгарија. Бруно се тргна, овие двајцава не знаеа кај тераат.

Голчиште на Ретеги во стилот на Дел Пјеро

Италија тргна јако под водство на Гатузо кој има 4 од 4, со голема ефикасност од 16 дадени и 5 примени гола. На стадионот Фриули во Удине го совладаа Израел со 3:0. Два гола на Ретеги, од кои едниот мајсторски и еден на Манчини. Италијанците имаат 15 бода на 4 кола до крај и се на -3 од Норвешка.

Португалија ремизираше со Унгарија, нови два гола на Кристијано Роналдо

Во завршната вечер од репрезентативниот прозор за октомври Португалците кои се убедлив лидер во својата група одиграа само 2-2 со Унгарија која постигна златен гол во 90+1' минута од судиското продолжение. Кристијано Роналдо стигна до својот 947-ми па и 948-ми гол во кариерата и стана најдобар стрелец во историјата на квалификациите за Светско првенство!

Аргентина даде 6 на пријателска со Порторико, Меси ни еден

Светскиот шампион уште одамна ги заврши сите работи околу пласманот на Светско првенство 2026 и сега веќе некое време се подготвува за Мундијалот. Синоќа одиграа пријателска против Порторико во Форт Лодердејл во САД Лионел Меси одигра цел натпревар, не даде ниту еден гол а имаше 2 асистенции.

Андора им даде гол на Србите од 50 метри, па сама изедначи со автогол

Ах оваа Андора какви спомени ни носи. Дома 0:0 на замрзнат терен во јануари, кој бил знае, а таму го изедовме срамот 1:0 во време на Хари. Србите кои се во фудбалска агонија, замислете губеа од нив и тоа со гол од скоро пола терен на Силвиан Лопез во 17 минута. Само две минути подоцна извесен Гарсија сам си ја заби од корнер за 1:1. Триумфот од 1:3 го донесоа Влаховиќ и Митровиќ во вториот дел.

Селски фудбал, англиска верзија

Баш фино се разбраа. Браво.

За кратењето на една национална химна

9 октомври 1996 година. Шпанија и гостува на Чешка со Луис Енрике, Фернандо Јеро, а во екипа е и Раул Гонзалес кој дебитира за репрезентација на 19 години. Чесите сметаат дека шпанската химна е предолга, 2 минути и 30 секунди. После 1 минута се слушаат свирежи. Една година подоцна, на 10 октомври 1997 година, со кралски декрет се утврдува дека националната химна ќе трае 52 секунди за долга и 27 секунди за кратката верзија.