Фудбал

Сјајниот Мејну го реши Ливерпул и го фрли во еуфорија „Олд Трафорд“

Големиот талент и англиски репрезентативец Коби Мејну го прослави новиот договор со Манчестер Јунајтед со прекрасен гол за победа 3-2 против Ливерпул. Дербито им припадна на домаќините кои прво водеа 2-0, па Ливерпул израмни 2-2 за да Мејну постигне гол кој го распали „Олд Трафорд“ и практично на Јунајтед му обезбеди место во Лига на шампиони следна сезона.

Милано е во пламен, Интер слави Скудето број 21

Интер и официјално на три кола до крај математички ја обезбеди шампионската титула. Со триумфот над Парма од 2:0, сега се на недостижни +12 пред Наполи кој ремизираше против Комо. Кристијан Киву, кој е трикратен првак со Интер како играч, слави титула во деби сезоната на кормилото. Славјето традиционално се случуваше на Пјаца Дуомо.

Прекината е најдоглата фудбалска доминација: во Бугарија Левски го симна Лудогорец од тронот

Неверојатни сцени доаѓаат од соседна Бугарија каде Левски Софија ја прекина хегемонијата на Лудогорец кој освои 14 шампионски титули по ред. Левскарите стигнаа до пехарот благодарение на победата над ЦСКА 1948 1-0 со гол на Хрватот Марко Дуганџиќ кој влезе во игра во 60' минута а само 11 минути подоцна го постигна најважниот гол на сезоната.

Јака средба на Невил со навивач на Евертон

На Гери Невил му приредија големо изненадување. Во април 2005-та добил црвен картон на Гудисон Парк, поради тоа што рогнал топка кон навивач, откако овој прв го удрил. 21 година подоцна, навивачот му го носат во подкаст.

Да се потсетиме како беше кога Фиго дојде со Реал на Камп Ноу

Ден-денес навивачите на Барселона ја сметаат оваа селидба од нивниот во дресот на Реал Мадрид како најголемо предавство во клупската историја. А не е дека немало и други од еден во друг правец. Ама со Фиго тоа беше светски потрес.

Симеоне за инвеститор во Скопје, што викате?

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Ноер со маалска финта се снајде со топката

Сè и сешто се случува зад фудбалските сцени, па дури и на меч од ЛШ. Мануел Ноер имаше проблем со еден мангуп кој не сакаше да му ја даде топката, а за тоа е ставен таму. Ама сега погледнете што ти е искуство.  40 годишната легенда му ја даде топката да му ја чуваат како резерва и тоа на админот на социјалните мрежи на Баерн. Прејако.

Роналдо лудачки го прослави 970-от гол во кариерата

Кристијано Роналдо баш ужива во Саудиска Арабија. Синоќа неговиот Ал Наср со 2-0 го победи Ал Ахли. Головите ги дадоа Кристијано Роналдо со глава во 76' минута и Кингсли Коман во 90-та минута. Ова беше 970. погодок на официјален натпревар во кариерата на Португалецот кој го прослави бурно.

Дефанзивец на Арсенал спаси чист гол, ова го викавме во маало „Рука ус тело“

Атлетико и Арсенал одиграа далеку понеатрактивен меч во однос на празникот кој го гледавме во вторникот. Паднаа само два гола и двата од пенал. Габриел Магаљаеш му одбрани чист гол на Гризман со лакт, ама махерски го направи тоа за да нема основ за пенал.

Бен Вајт од Арсенал згази по грбот на Атлетико, Чоло Симеоне реагираше

На излезот на терен од подтрибинскиот простор на стадионот „Метрополитано“ стои голем грб на Атлетико Мадрид. И играчите од почит обично го заобиколуваат. Бекот на Арсенал Бен Вајт синоќа веројатно ненамерно не го забележа и газеше под него. Симеоне и фудбалерите на Атлетико му се пуштија.

Што направи бе пријателе?

Разни промашувања сме гледале на празен гол, ама од ова некако срам да го фати човек. Кевин Силвио од Монтевидео го изгуби компасот непречен од никого. Па подобро да ја оставеше.

Фудбалер на Гремио промаши три пенали по ред!

Цели 27 години поминаа од култниот натпревар на кој легендарниот Аргентинец Мартин Палермо промаши дури три пенали во дресот на Аргентина на еден натпревар. Сега Бразилецот Карлос Винисиус од Гремио промаши дури три пенали односно сите три му ги одбрани јунакот на сезоната Себастијан Перез од Палестино.

Бандата на Чоло Симеоне не ги скроти „топџиите“, Арсенал и Атлетико Мадрид ремизираа

По спектакуларниот натпревар со 9 гола меѓу ПСЖ и Баерн Минхен каде домаќинот славеше 5:4, за очекување беше дека средбата Атлетико Мадрид - Арсенал ќе биде потврда. Така и беше.

И Ноер е човек

Ноер за прв пат прими повеќе од 4 гола на меч од Лига на шампиони и тоа му се случува само 8-ми пат во кариерата на вкупно 922 натпревари. Синоќа стана прв голман во последните 16 сезони во нокаут фаза, кој примил 5 гола БЕЗ да забележи ниту една интервенција.

Фото на денот

Јап Стам беше поим за цврстина во одбрана. Тоа најмногу го осетија оние кои се обидуваа да го поминат додека ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Лацио, Милан. Делуваше и на мирен човек, ама не сме го знаеле и за домаќин.

Хари Кејн е институција

Ај што им донесе експлозија во напад со 44 гола во првата сезона, 41 во втората и 54 во третата која сè уште не е завршена, погледнете ја оваа негова борбеност. Вилијам Пачо го собори на земја и тоа се послужи и со рака, а овој не се пожали, туку ја загради топката ВО СЕДЕЧКА СОСТОЈБА, стана и ги направи мајмуни и него и Маркињос. Друг да беше ќе се виткаше на земја.

Идол на една генерација

Во 3. коло од Судамерикана бразилски Сантос гостуваше кај Сан Лоренцо во Аргентина. Кога децата што излегуваат на терен со играчите сфатија дека ќе бидат со Нејмар почнаа да плачат од среќа.

Импресивната игра на Диаз еден на еден со Маркињоз

ПСЖ синоќа во спектаклот против Баерн во еден момент имаше капитални 5:2, кои можеа да бидат клучни за пласман во финале. Но гостите направија драмата да биде уште поголема и одговорија со два гола. Точка на мечот за конечни 5:4 стави Луис Диаз. Погледнете го приемов, начинот на кој го измрда Маркињоз и ја смести во гол. Мајсторски одиграно.

Види го ти курназ малиот

ПСЖ и Баерн да се живи и здрави, па на реваншот пак да ни понудат фудбалска претстава со едно 9-10 гола. Ич нема да им се налутиме. Тоа е претстава која оди на сцена. Да видиме какви ситуации се случуваат зад сцената и тоа во едно полуфинале од ЛШ. Топката бе не му ја даваше, а тоа му е работа. И тоа на еден Ноер.

Љупчо мајсториште

Љупчо Дориев блесна во дресот на Согдиана на мечот против Термез Шуркон, кој го добија со 5:2. Македонскиот репрезентативец постигна фантастично голчиште уште во 11 минута за рано водство на својот тим. Ова е негов 7-ми гол во 10. коло од првенството во Узбекистан со кој се издвои како лидер на листата на стрелците.

Лудница во Париз за паметење со 9 гола

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Надприроден ВАР систем во Индонезија

Уште ова го немавме видено. Судија во Индонезија оди да гледа спорна ситуација. И сè е тоа океј, ама кој му ја враќа снимката, кога жива душа нема во ВАР собата?

Јак танц на Симеоне против Пеп и уште еден

Диего Симеоне важеше за силна карика во среден ред. Даваше цврстина и беше пргав. Пазете го клипов од меч меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Гвардиола го праќа во соблекувална на туш, а другиот по баничка со месо. Денеска му е роденден, полни 56.

Руд Гулит со голема почит за Црвена звезда

Пред големото дерби на „Сан Сиро“ меѓу Милан и Јувентус кое заврши 0-0, легендарниот холандски фудбалер Руд Гулит кој освои неколку шампионски титули во Лига на шампиони со Ајакс и Милан, бил прашан за белградското дерби Црвена звезда - Партизан (3-0). Се воодушеви кога го слушна името на црвено-белите.