Фудбал

Мундијалскиот сон е жив, Милевски паркираше автобус во одбрана

Се повтори Брисел 1994-та. Македонската фудбалска репрезентација освои голем бод на гостувањето против големиот фаворит Белгија. На 2 кола до крај остануваме први на табела, но со натпревар повеќе.

Златко Далиќ, прв селектор со 100 меча за Хрватска

Осум години. Сто натпревари. Три медали за хрватскиот фудбал. Тоа е успехот на човекот кој во 2017-та изјави: Сакам само да одам на Светско првенство со Хрватска.

Тренерите со најдолг стаж во Премиер лигата

Јирген Клоп врза 8 и кусур години во Ливерпул, каде испиша историја со 8 трофеи, меѓу кои Премиер лига и ЛШ. Гвардиола на Етихад е над 9, во кои стигна до 18 трофеи. Но кога е стаж во прашање, тешко достижни се легендарните Венгер и Фергусон, со кој се одбележа една славна ера на островот.

Легендарниот Дончо растура француски на гостувањето во Белгија

Освен хајлајтсот и головите од ремито на Македонија против Белгија кое се одигра во Брисел пред 31 година, налетавме и на нивно видео со изјави од таа средба. Андон Дончевски цепа на француски.

Ремито против Белгија и голот на Чоко со коментар на Атанас Костовски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва како лидер во групата Ј го игра 6. квалификациско коло за СП 2026. Мундијалскиот сон е сè уште жив. Следува најтешкиот натпревар. Можеби и клучен.

После убава акција на Полска, следи убав гол на Зјелински

Паралелно со мундијалските квалификации, синоќа се одиграа и неколку пријателски средби. Полска го доби Нов Зеланд со 1:0. Фино ги изработија, а на крај Зјелински ја заби во гол атрактивно.

Мбапе: Многу се зборува за приватноста на Јамал, треба да го остават на мира

„Ламин е голем играч, но тој е сепак 18 годишно момче. На тие години, сите прават грешки, но тој ќе го стекне животното искуство, ќе научи што е добро, а што лошо за него. На крајот сите треба да го гледаме тоа што го прави на терен. Нека му е со среќа“.

Австрија со рекордни 10:0 против пица мајсторите од Сан Марино, Арнаутовиќ им даде 4

Селекцијата на Австрија играше ракомет против аматерите од Сан Марино. Марко Арнаутовиќ стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Лудило прием на Кварацхелија

Скок, одраз, контрола, елеганција во движење. Во линија со глава ја крена ногата. Нереално.

Море син му на Гризман да видиш што талент бил

Рударејќи по интернет најдовме информација дека сите три деца на најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман биле родени на 8-ми април! Неверојатна коинциденција. А едно од децата, малиот Амаро Гризман има таква дарба за фудбал што многумина му предвидуваат кариера како татко му.

Џерард објаснува како Сколс би се снашол во сегашната Премиер лига

Играа заедно за репрезентација, но цела кариера беа ривали во нивните клупски кариери како легенди на Ливерпул и Манчестер Јунајтед. „Би ги тероризирал сите“, вели Стив за Пол.

Видео за Лацио носталгичари

Лацио пред 25 години со Крањоти, нема допирна точна со сегашниот Лацио на Лотито. Во тоа време со Свен Горан Ериксон како тренер освоија Серија А, два пати Куп на Италија, два пати Супер Куп на Италија, Куп на Куповите на победниците, Супер Куп на Европа, а играа и финале во Куп на УЕФА. Имаме „пред и потоа“ видео со дел од јунаците.

Американизација на европскиот фудбал: Барселона - Виљареал ќе се игра во САД

Шпанска Ла Лига и италијанска Серија А после долги години убедувања и преговори, успеаа од УЕФА да добијат дозволи некои нивни натпревари да се играат во САД и Австралија.

Нема да видите појак шут неделава

Либија и Зелено'ртски острови одиграле луд натпревар во квалификациите за Светско првенство. Домаќините први повеле после само неколку секунди од стартот на дуелот со автогол. Резултатот неколку пати се менувал, а два гола биле интересни. Едниот го дал Либиецот Таха Ал-Шалави во 58-ма минута за 3-1, а едниот гостинот Сидни Кабрал во 76-та минута за 3-2 по голем кикс на домашниот голман. Зелено'ртски острови се први на табела со дури 20 бода и големи шанси за пласман на Светско 2026.

Холандска полиција бара тројца турски навивачи за обид за убиство

Пред и по натпреварот Фенербахче - Феенорд во Истанбул, во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони имало неколку инциденти по улиците и близу стадионот. И сè е разбирливо, и навивачка тензија и тепачки ама ова што го правеле тројца Турци е за секоја осуда. Се обидувале да фрлат бетонски столб врз противнички навивачи при што удриле еден холандски навивач кој претрпел потешка повреда. Сега холандската полиција и обвинителство ги бараат трите лица за обид за убиство. Повредениот навивач два месеци не можел да оди на работа, не можел да вози и имал главоболки.

Една јака идеја да почнеш натпревар

За време на малото шкотско дерби Хартс - Хиберниан, домаќините го отвориле натпреварот со необичен почетен удар: рогање на топката со сета сила пред противничкиот гол. Организиран хаос на терен. Хибси вратија исто на почеток на вториот дел. На крај домаќините победија 1-0 со гол во 90+1' минута на Хакет.

Најлошата голманска проценка во мундијалските квалификации

Ниту имаше, ниту ќе видите поаматерски кикс во квалификациите за СП 2026. Либија имаше 3:1 против Зеленортски Острови на 15 минути до крај, но сепак не успеа да победи и мечот заврши 3:3. Во 75-та минута им одмогна голманот.

Пензионирајте го по брза постапка

Без разлика на рангот, петта, осма или селска лига, не можеш вака пријателе како на мајтап. Па уште и клучен пенал.

Анри од Тему

Легендарниот француски напаѓач знаеше да се послужи со оваа фора, ама тоа го правеше прецизно и елегантно, за разлика од неговиот најнесоодветен наследник.

Мааната на Гигс која му ја откриле во Манчестер Јунајтед

Рајан Гигс му ја посвети цела кариера на Манчестер Јунајтед (1990-2014). Легендата ораше по крило до 40 години, ама на почеток го забележале дека има проблем со преглед на играта и погледот го вртел само на едната страна. Арно ама клубот имал експерт за тоа, инаку жена, која работела со него на таа проблематика. 23 години подоцна Гигс стана рекорер на клубот со 963 настапи и освои многу трофеи меѓу кои 13 титули во Премиер лигата.

Видеото со кое Жорди Алба го соопштува крајот на кариерата

По две децении, 715 клупски и 93 репрезентативни натпревари, Жорди Алба на 36 години се повлекува од играње фудбал. Освои 17 трофеи со Барселона, 2 со Мајами, како и Европско и Лига на нации со Шпанија. Одлуката ја донел, како што вели со целосна сигурност, мир и радост. Пред неполни две недели крајот го соопшти и Серхио Бускетс.

Кристијано Роналдо е првиот фудбалер - милијардер

Петкратниот освојувач на Златната топка стана дел од ексклузивната листа на спортисти, откако потпиша нов ултра профитабилен договор во Саудиска Арабија.

Податок на денот за Лука Модриќ

Вимавајте добро на извештајот на Опта, кој се однесува на Индексот на додавања во најсилните 5 лиги во Европа за оваа сезона. На 40 години држи прва позиција, пред сè друго старо, младо и талентирано.

Коментаторот на Челси полуде за победничкиот гол со Ливерпул

Челси го реши шампионот Ливерпул со голчиште на Еквадорецот Моизес Каиседо и деби гол на Бразилецот Естевао во 90+5' минута од судиското продолжение. Досега црвените даваа еден куп голови во судиско продолжение за победа а сега примија таков погодок.