ГЕРМАНИЈА - ПАРАГВАЈ 1-1 (0-1), на пенали 3-5
Четирикратниот светски првак на дури трето Светско првенство по ред доживува дебакл откако на претходните два Мундијали испаднаа во групна фаза а сега во 16/финале. Од друга страна Парагвај го оствари најдобриот резултат од 2010-та година кога стигнаа дури до четвртфинале.
Натпреварот почна мошне агресивно, со силен интензитет. Парагвајците уште во 2' минута имаа голема шанса но Алонсо млако ја зафати топката која Нојер лесно ја одбрани.
Напаѓаа потоа Германците, се играше викторија пред голот на Парагвај но Вирц, Каи Хаверц и Денис Ундав не можеа да го пронајдат патот до мрежата.

Затоа следеше шок! Во 42' минута Хулио Енсисо остана сам во шеснаесетникот на Германците после еден центаршут на Галарза и постигна гол за 1-0! Со тој резултат се отиде на полувреме.
Во вториот дел Германците тргнаа на се или ништо и тоа им се исплатеше. Вирц центрираше а Каи Хаверц со глава постигна прекрасен гол за 1-1.
Парагвај како од тој момент да се предаде, а Германија силно притискаше но не постигна гол иако го заслужи. Центаршут за центашут, шут за шут, 75% посед на топка.
Во 103' минута и дадоа гол преку Џонатан Та за 2-1 но судијата им го поништи после гледање ВАР зошто бекот Антон се судрил со голманот Жил во казнениот простор.
Германија до крајот на првото продолжение имаше уште неколку шанси но топката не сакаше во гол. Ниту во второто продолжение.
И се стигна до пенали.
А таму Хаверц и Волтемаде промашија па Парагвај имаше две меч топки. Но промашија Санабрија и Валбуена. Алмири погоди но Та ја шутна топката високо над голот. Парагвај ја искористи третата меч топка и преку Канале го направи најголемиот шок на Светското! Ја елиминираа Германија.
Германците никогаш во историјата не изгубиле на пенали на едно Светско првенство. До синоќа. После 120 минути игра, постојани напади и офанзива на Германија, резултатот беше 1-1 а победникот се реши на пенали.
После пет серии резултатот беше 3:3, откако за Германија промашија Кај Хаверц и Ник Волтемаде а кај Парагвајците непрецизни беа Антонио Санабрија и Фабијан Валбуена.
Решавачки момент беше во шестата серија кога снажниот стопер на Германија Џонатан Та го промаши цел гол а Антонио Канале погоди за конечни 5:4 за Парагвај и огромно славје на Јужноамериканците.
Paraguay in dreamland after knocking out the four-time champions 😍🇵🇾 pic.twitter.com/RgepEy4z5M
— B/R Football (@brfootball) June 29, 2026
Парагвај кој претходно во групната фаза изгуби убедливо 3:0 од САД, па ја победи Турција 0:1 иако од 32 минута играше со играч помалку до крајот, сега ќе оди на подобриот од дуелот Франција - Шведска.
ХОЛАНДИЈА - МАРОКО 1:1 (0:0), пенали 2:3
Овој натпревар одигран во Монтереј во Мексико донесе многу шанси на двете страни, но гол падна дури во 72' минута кога Коди Гакпо го отвори резултатот после чудна асистенција од Крисенсио Самервил во пад од земја.
Мароко го спаси Иса Диоп на сам почеток на судиското продолжение за 1-1 кога практично ја задоволи правдата зошто Мароканците до примениот гол беа многу подобар ривал но голманот на Холанѓаните Барт Фербруген бранеше одлично.
Во продолженијата Мароко одново беше подобар, создаде неколку шанси но и многу промашуваше. Во 96' минута од првото продолжение Рахими имаше идеална прилика за 1-2 но голманот Барт Фербруген ја забележа најдобрата одбрана досега на Мундијалот и ги спаси „лалињата“.
Во второто продолжение Холандија пак се бранеше а Мароко имаше далеку поголем посед на топка но не успеа да го капитализира. По 1-1 и во продолженијата, се премина на пенали.
А таму дури 5 од 10 пенали беа промашни а некои кои завршија во мрежата беа неверојатни.
На крајот Исмаил Саибари го носи Мароко во осминафинале со решавачкиот пенал. Таму ќе ги чека Канада.