Фудбал

Најбедната и најкомична местенка на пенали откако постои фудбалот

Љебу Јунајтед го совлада Рему старт со 3:0 на пенали во ФА Куп финале во Нигерија од кое е живи срамови што постои снимка. Добро во кој свет живеат овие? На глас се смееме на работа.

Пацерски автогол и еврогол на гостувањето на Шкендија во Конференциска лига

Шкендија го мина првото квалификациско коло во третото по ранг клупско европско натпреварување против Арарат од Ерменија. По триумфот дома од 2:0, тетовци на реваншот ремизираа 2:2, на меч на кој домаќините се истакнаа со два гола, од кои едниот во погрешна мрежа.

Мурињо раскажува како се криел на меч од ЛШ против Баерн на кој бил суспендиран

Случката е 2005-та година, кога го водел Челси. Бил суспендиран и со саати порано отишол скришно во соблекулна за да биде со играчите, ама проблемот било како да излезе без да го видат. Се криел како на филм, во метална корпа и додека редарот морал да го сокрие од УЕФА, го фатило криза за воздух. Па ова е можеби сторија нумеро уно од кариерата на царот, за кој ќе нема наследник.

Стерлинг на медицински прегледи во Челси

По седум години престој во Манчестер Сити и 4 титули во Премиер лига, Рахим Стерлинг се пресели на Стемфорд Бриџ. Договорот му е на 5 години, трансферот изнесува 47 милиони фунти, а хуморот за неговиот смешен стил на трчање ќе му дојде вака некако:

Драма и пол во ЛШ, која заврши со гол од корнер во 123 минута

Средина на јули е, а веќе имаме големи фудбалски возбудувања. Синоќа се одиграа шест дуели од првото квалификациско коло за ЛШ од кои задолжително треба да се одбележи средбата во Грузија.

Лука Јовиќ дебитираше за Фиорентина со 4 гола за едно полувреме

Српскиот центарфор кој си замина од Реал Мадрид со неславни 3 гола на 51 натпревар, треба да го пополни местото на неговиот репрезентативен колега Душан Влаховиќ, кој на полусезона направи трансфер во Јувентус. Фиорентина имаше лесен подготвителен меч против Реал Виченца кој го доби со 7:0, а 24 годишниот Лука Јовиќ влезе во второ и дебитираше со четири комада.

Париз како организатор е крив за хаосот во финалето на ЛШ

Заврши истрагата за безбедносното фијаско пред стадион, на финалниот натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Убавата и течна игра на Манчестер со Тен Хаг против Ливерпул

Рано е за некакви возвишувачки тонови, ама од она што може да се види во играта на Манчестер Јунајтед против Ливерпул на синоќешниот пријателски меч, изгледа дека холандскиот стратег кој пет години го водеше Ајакс, носи допадлив и атрактивен фудбал кој ќе го бара на Олд Трафорд. 4:0 го акнаа Ливерпул. Стрелци Санчо, Фред, Марсијал и Пелистри.

Како Ди Марија се претстави на првиот тренинг во Јувентус

Анхел Ди Марија е првото звучно име кое летово го засили Јуве, а веднаш по него пристигна и Пол Погба кој направи кам бек во дресот на Старата дама. Поранешните ѕвезди на ПСЖ и Манчестер Јунајтед го одржаа првиот тренинг, а Аргентинецот веднаш почна со атракции.

Тензии во Гибралтар, Седлоски во судир со голманот на домаќините

По триумфот на домашен терен од 3:0, Шкупи едвај ја мина првата пречка во квалификациите за ЛШ. Линколн на реваншот славеше со 2:0 и македонскиот првак за малку ќе се посрамотеше против аматерите од Гибралтар. По последниот свиреж на судијата имаше турканици и за влакно беше избегната тепачка. Во второ коло Шкупи се среќава со Динамо Загреб.

Пандев во посебно друштво на топ 20 напаѓачи од Серија А во 21 век

Ако на некој уште не му е јасно каков белег остави Горан Пандев во италијанскиот фудбал, доволно е само да и фрли око на табелава и сè ќе му стане јасно.

Сте чуле за ова фудбалско правило?

На британски квиз паѓа следново прашање, навидум многу едноставно: Ако од слободен удар ја шутнеш топката во сопствената мрежа, што се суди: А) Гол, Б) Индирект, Ц) Корнер. Натпреварувачката одговори под Ц, а водителот веднаш ја поправи, каков корнер. Но кога слушна кој е точниот одговор, се скамени. Инаку водителот се вика Бредли Волш и е поранешен фудбалер на Брентфорд.

Навивач го бркаше Гвардиола на точак за фотка

Стратегот на Манчестер Сити му влезе на кадар и прво не сакаше да застане, ама откако овој почна упорно да го брка, Пеп застана и делуваше исплашено. Сепак беше темница, без никој друг да има во близина.

Фудбалската историја веројатно не памети ваква надреална сцена на гол линија

Сакавме да го крстиме како најголемо промашување во историјата на фудбалот, ама не сме скроз сигурни што е поентава. Се работи за натпревар во Канада меѓу Валур и Халифакс Вондерерс. На ѕидот на срамот вечно закован ќе остане Вилијам Акио.

Каков татко, таков син

На Ромео Бекам изгледа му фаќа пиперницата за фудбал, ама и десницата од слободен удар, што беше специјалност на неговиот легендарен татко Дејвид. Има 19 години и игра за вториот тим на Интер Мајами, каде Дејвид Бекам е еден од газдите. Да видиме како ја отвори новата сезона против Орландо.

Школски ножички за најавна шпица, браво мајсторе

Во втората американска фудбалска лига, Сакраменто Репаблик и Оукленд Рутс растурија од голови. Мечот заврши 3-3, домаќините стигнаа до бод буквално во последни секунди од мечот, во 90+6' минута, ама голот кој го даде гостинскиот фудбалер Хуан Карлос Азокар во 27' минута за 1-1 заслужува долги аплаузи.

Тихо мангупе нè изнасмеа

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја однесе девојка му на концерт на Coldplay во Варшава, Полска, каде што и настапува за Пјаст Гливице. За време на еден од хитовите на славниот бенд, ја запроси на трибина, а веста ја соопшти со најактуелната шега овие денови.

Гатузо на прв тренинг во Валенсија со цигарче и заушка за Гуедеш

По ангажманот во Наполи и паузата од една сезона, Џенаро Гатузо се врати на тренерската работа откако го прифати првиот предизвикот Валенсија. Уште на прв тренинг има материјал за смеење, а тоа им е јасно и на навивачите кои направија комичен клип од моментот додека пуши електронска цигара.

Бисиклета ја викаат во Јужна Америка и за неа паѓаат во делириум

Бразилски Палмеирас и во реваншот го растури Серо Портењо од Парагвај. На првиот меч беше 0-3, на вториот во Бразил 5-0. Од сите 8 гола најубав беше оној на шпицот Рони кој влезе во игра во 34’ минута, постигна два погодоци од кои оној во 83-та минута уште долго ќе се споделува.

Гол на Бразилец за кој вријат мрежите

Бразилецот Евералдо постигна неверојатен еврогол за неговиот тим Кашима со кој му донесе бод против Осака. Вакво голчиште вреди признание „Ференц Пушкаш“ од ФИФА.

Најголемиот идиот меѓу голманите брани во Етиопија

Ако кажеме „Најголемиот акробат меѓу голманите“ е точна, ама многу мека констатација. Ниту сме виделе ваква несреќа од голман до сега, ниту ни е јасно зошто не доби црвен. Па ова е луѓе најнадреална интервенција која ќе ја видите.

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Од 30 првенства на најдобрите лиги во Европа, 11 се насловни спонзорства на компании кои се занимаваат со приредување игри на среќа. Зошто клубовите мораат сами да се снаоѓаат?

Играше за Шпанија, сега ќе игра за Гана на Светско првенство

Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао, црномурниот Ињаки Вилијамс чии родители водат потекло од Африка а тој е роден во Баскија и како таков стекна право да игра за клубот кој има стрикна политика да не ангажира играчи од страна, реши да направи репрезентативна смена.

Автогол на Гибралтарците во Скопје кој те тера да се подзамислиш

Македонскиот првак Шкупи со 3:0 го отвори квалификацискиот циклус за ЛШ. За противник го имаа Линколн Ред Импс од Гибралтар, кој сам го постави конечниот резултат. Стрелец Рој Чиполина кој ја пласираше во стилот на Алекс Дел Пјеро, ама во погрешна мрежа.