Овој па пак е нешто нервозен

Има и зошто. Пак не даде гол, туку погоди само статива, а неговиот тим е елиминиран од ново Куп натпреварување, вкупно трето за еден месец.

Ништо не му оди на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, со исклучок на платата и како што стојат моментално работите, огромни се шансите да ја заврши сезоната без ниту еден трофеј.

Ал Наср го загуби реванш полуфиналето во Кралскиот Куп со 1:0 од Ал Хифат и се соочи со нова елиминација.

Голот вреден финале го постигна Жан Давид Богел во 23-та минута, а Роналдо промаши голема шанса на 10 минути до крај и ја погоди пречката.

Роналдо и другарите не успеаа да израмнат ниту со играч повеќе откако во 53-та минута црвен картон доби Ал Хафит.

Противник на Ал Вехда во финалето на Кралскиот куп ќе му биде Ал Хилал, кој во првото полуфинале беше подобар од Ал Итихад со 1:0.

Во деби сезоната во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо се соочи со три Куп елиминации и единствената надеж за славје му е во домашното првенство.

Но таму остануваат уште само три кола до крај, а Ал Наср е во лоша форма и има три бода помалку од лидерот Ал Итихад кој е подобар и во нивниот меѓусебен дуел. 

Португалецот на полувреме нервозата им ја пренесе на клупа.

Пречката во вториот дел. 

 

25 април 2023 - 13:25