Замислете Вест Хем ја освои Конференциската лига без пораз, што воопшто не е мала работа. Да е само тоа. Момците на Дејвид Мојс сезонава да ти имале повеќе победи во Европа, отколку во Премиер лига, 12:11. Какви контрасти. Да се чуди човек. Тапа џонс беа во првенство, со 20 порази и освоено 14. место. Инаку ова им е прв европски трофеј после шест децении и догодина ќе играат во Лига Европа.
Меси доаѓа меѓу свои луѓе, меѓу бројна аргентинска дијаспора која ќе го чува и сака, но доаѓа во клуб чиј голман отворено вели „Не, овде никој во клубот не е спремен за доаѓањето на Меси“. Буквално станува збор за новооснован клуб пред пар години кој нема никакви успеси на фудбалска карта.
Откако во отворено интервју за Мундо Депортиво на широко ги објасни причините поради кои се решил со семејството да се пресели во САД, а не да се враќа во Барселона или да оди во Саудиска Арабија, сега се откриваат и детали од договорот на Лео Меси во САД.
Лионел Меси потврди дека заминува во Мајами и дава многу логично објаснување зошто сака да ја напушти Европа. Зборува многу за Барселона, клубот кој му е во срцето и во кој посакува еден ден да се врати во некаква функција. Планот со семејството им е да живеат таму. Отворена рана му е после тоа што му го направија.
Чекаше долги 1.097 дена за да го освои првиот голем трофеј во својата 26 годишна кариера и стана прв британски тренер со европска титула после Фергусон. На крај беше пресреќен и блескаше од радост, а направи и преубав гест со медалот. Со овој триумф од 2:1 во финалето од Конференциска Лига, Вест Хем стигна до првиот меѓународен трофеј после 1965-та.
Јавноста знае дека Антонио Касано има чудни испади па никој не се изненади кога во пар наврати отворено го нападна Мурињо дека играта на Рома била најмизерна од кога и да е и дека се досадни за гледање. Жозе му возврати дека „од човек чие доаѓање во Реал се памети само по јакната со која дошол не би очекувал да збори за успеси“.
Не стивнуваат реакциите во Милано за бркањето на Малдини од Милан. Прв реагираше Леао на Твитер, Виери за американскиот газда рече дека е луд, навивачите се бесни, а Тео Хернандез му се заблагодарува 10 пати подостојно од самиот клуб.
Во четвртфинале на Купот на САД, Синсинати со 3-1 го совладал Питсбург и за првпат ќе игра во полуфинале на ова натпреварување. Еврогол на мечот за Синсинати постигнал Алваро Бареал. Во следна рунда ги чека веројатно Интер Мајами. Можно е и со Меси во тимот.
Во неделата вечер во последното коло од Ла Лига, Бетис ја пречека Валенсија и одиграа 1:1. Тоа беше последен меч за легендарниот капитен на зелено-белите за кого во понеделникот вечер била организирана уште една фантастична проштална средба со безброј фудбалски ѕвезди.
Замина некако неочекувано, без претходни најави, ама на клубот му даде многу, ептен многу и го извади од калта во мал милион ситуации. 14 сезони, 24 трофеи, 354 голови, Златна топка. Легендиште.
Американскиот газда, Гери Кардинале дефинитивно го уништи амбиентот во Милан и уште повеќе ги разбесни навивачите поради начинот на кој е отпуштен легендарниот Паоло Малдини.
Речиси сè. Го вратија на крај на кариерата на 38 години, нетипични за трансфер на шпиц, а тој им возврати со 37 гола и 11 асистенции и што е најважно во Милан се врати победничкиот менталитет.
Едниот заминува од Бернабеу после 14 сезони во кои постигна 354 гола, стана втор најдобар стрелец во клупската историја и освои Златна топка и 24 трофеи меѓу кои 5 титули во ЛШ. Другиот ја заврши одисејата со 15 сезони во кои оствари 722 настапи и освои 32 трофеи од кои 9 титули во Ла Лига и 3 во ЛШ. Има ли некој фудбалер кој не би ги посакал овие бројки?
Сегашни и поранешни репрезентативки на САД во фудбал, мошне спремни девојки на фудбалскиот терен, договориле пријателски меч со постари ветерани од англискиот нисколигаш Рексам чиј сопственик од неодамна е Рајан Рејнолдс.
Се работи за хотелот кој му беше база на Наполи во текот на цела сезона. Сезоната заврши, па мораа да се поздрават со бандата на Спалети. Цел персонал излезе надвор за да ги испрати во шампионски стил.
Од татко на син е правата симболика за семејството Малдини кое својот живот му го посвети на Милан. Од стариот Чезаре Малдини, икона на Италија и црвено-црните бои, преку можеби најголемата клупска легенда Паоло Малдини, до внукот Даниеле кој неодамна играше за Милан. Денес првпат после 1978-ма година во клубот нема ниту еден член од фамилија Малдини.
Шокантни вести за навивачите на Милан, само еден ден откако плачеа за заминувањето на Ибра. Цел италијански печат пишува дека газдата на Милан, Гери Кардинале ги отпуштил двајцата директори кои го изградија шампионскиот тим.
Денес е Ибра ден, па така речиси секоја втора работа му е нему посветена. Златан во фудбалска пензија го испратија околу 70.000 навивачи на Милан, пред натпреварот со Верона од последното коло на Серија А. Ибрахимовиќ доби неверојатни овации, плакети и признанија. После мечот излегол пред новинарите.
Не беше ова збогување на навивачите и играчите на Милан со својот Златан Ибрахимовиќ туку на целиот фудбал во глобала. Ибракадабра оди во пензија, ги закачува копачките на клин и така завршува една цела епоха. Ќе се памети по неверојатните голови.
Индепендиенте Ривадавиа vs Депортиво Маипу. Домаќините слават дома 2:1 и му ја земаат лидерската позиција на гостинот. Навивачите не чекаат да истече 7-та минута од судиското продолжение и ја распалуваат атмосферата како никој. Па ова го нема во друга земја, освен Аргентина. А пазете, станува збор за втора лига.
Легендарниот шпански судија Матеу Лаоз доби големи почести на неговиот последен фудбалски меч во кариерата како главен судија. На дуелот Мајорка - Рајо Ваљекано од последното коло во шпанска Ла Лига, Лаоз за последен пат беше со свирката. Тој во кариерата поделил 2.408 жолти картони, 128 црвени картони и досудил 128 пенали.
Во пресрет на Реал Мадрид - Атлетик Билбао, во последното коло, изгледа и на економот на клубот веќе му паднала концентрацијата и го стасало уморот да оди секој викенд на работа.