Фудбал

Ибра да види како го имитираат во Босна

И тоа велемајсторов им игра во трета лига, што е скроз нелогично кога ќе го видите ова ремек дело.

Дејвид Мојс му го даде златниот медал на неговиот 87 годишен татко

Чекаше долги 1.097 дена за да го освои првиот голем трофеј во својата 26 годишна кариера и стана прв британски тренер со европска титула после Фергусон. На крај беше пресреќен и блескаше од радост, а направи и преубав гест со медалот. Со овој триумф од 2:1 во финалето од Конференциска Лига, Вест Хем стигна до првиот меѓународен трофеј после 1965-та.

Не може да му прости за јакната, па тоа ти е

Јавноста знае дека Антонио Касано има чудни испади па никој не се изненади кога во пар наврати отворено го нападна Мурињо дека играта на Рома била најмизерна од кога и да е и дека се досадни за гледање. Жозе му возврати дека „од човек чие доаѓање во Реал се памети само по јакната со која дошол не би очекувал да збори за успеси“.

Златан е спремен за следните предизвици во животот

Актер ќе го правеле во акциони филмови каде ќе го глуми главниот лик.

Тео Хернандез: Тажно ми е да му кажам збогум

Не стивнуваат реакциите во Милано за бркањето на Малдини од Милан. Прв реагираше Леао на Твитер, Виери за американскиот газда рече дека е луд, навивачите се бесни, а Тео Хернандез му се заблагодарува 10 пати подостојно од самиот клуб.

Волеј на денот

Во четвртфинале на Купот на САД, Синсинати со 3-1 го совладал Питсбург и за првпат ќе игра во полуфинале на ова натпреварување. Еврогол на мечот за Синсинати постигнал Алваро Бареал. Во следна рунда ги чека веројатно Интер Мајами. Можно е и со Меси во тимот.

Хоакин испратен во пензија со најголемите ѕвезди, пред 60.000 гледачи

Во неделата вечер во последното коло од Ла Лига, Бетис ја пречека Валенсија и одиграа 1:1. Тоа беше последен меч за легендарниот капитен на зелено-белите за кого во понеделникот вечер била организирана уште една фантастична проштална средба со безброј фудбалски ѕвезди.

Моќно и емотивно видео за збогум на Реал Мадрид со Бензема

Замина некако неочекувано, без претходни најави, ама на клубот му даде многу, ептен многу и го извади од калта во мал милион ситуации. 14 сезони, 24 трофеи, 354 голови, Златна топка. Легендиште.

Штуро соопштение на Милан за Малдини

Американскиот газда, Гери Кардинале дефинитивно го уништи амбиентот во Милан и уште повеќе ги разбесни навивачите поради начинот на кој е отпуштен легендарниот Паоло Малдини.

Што се смени во Милан со доаѓањето на Ибрахимовиќ?

Речиси сè. Го вратија на крај на кариерата на 38 години, нетипични за трансфер на шпиц, а тој им возврати со 37 гола и 11 асистенции и што е најважно во Милан се врати победничкиот менталитет.

Што ќе им уште фудбал на Бензема и Бускетс?

Едниот заминува од Бернабеу после 14 сезони во кои постигна 354 гола, стана втор најдобар стрелец во клупската историја и освои Златна топка и 24 трофеи меѓу кои 5 титули во ЛШ. Другиот ја заврши одисејата со 15 сезони во кои оствари 722 настапи и освои 32 трофеи од кои 9 титули во Ла Лига и 3 во ЛШ. Има ли некој фудбалер кој не би ги посакал овие бројки?

Мажи и жени во знак на еднаквост решиле да одиграат партија фудбал

Сегашни и поранешни репрезентативки на САД во фудбал, мошне спремни девојки на фудбалскиот терен, договориле пријателски меч со постари ветерани од англискиот нисколигаш Рексам чиј сопственик од неодамна е Рајан Рејнолдс.

И куварите во Неапол ги поздравија шампионите со шпалир

Се работи за хотелот кој му беше база на Наполи во текот на цела сезона. Сезоната заврши, па мораа да се поздрават со бандата на Спалети. Цел персонал излезе надвор за да ги испрати во шампионски стил.

Првпат после 45 години без ниеден Малдини во Милан

Од татко на син е правата симболика за семејството Малдини кое својот живот му го посвети на Милан. Од стариот Чезаре Малдини, икона на Италија и црвено-црните бои, преку можеби најголемата клупска легенда Паоло Малдини, до внукот Даниеле кој неодамна играше за Милан. Денес првпат после 1978-ма година во клубот нема ниту еден член од фамилија Малдини.

Пукна тиквата во Милан, Малдини и Масара го напуштаат клубот

Шокантни вести за навивачите на Милан, само еден ден откако плачеа за заминувањето на Ибра. Цел италијански печат пишува дека газдата на Милан, Гери Кардинале ги отпуштил двајцата директори кои го изградија шампионскиот тим.

Ибракадабра со царска досетка за Мино Рајола

Денес е Ибра ден, па така речиси секоја втора работа му е нему посветена. Златан во фудбалска пензија го испратија околу 70.000 навивачи на Милан, пред натпреварот со Верона од последното коло на Серија А. Ибрахимовиќ доби неверојатни овации, плакети и признанија. После мечот излегол пред новинарите.

Тежок избор: да ги одбереш најубавите Топ10 голови во кариерата на Златан

Не беше ова збогување на навивачите и играчите на Милан со својот Златан Ибрахимовиќ туку на целиот фудбал во глобала. Ибракадабра оди во пензија, ги закачува копачките на клин и така завршува една цела епоха. Ќе се памети по неверојатните голови.

Фудбал е ова или војна?

Индепендиенте Ривадавиа vs Депортиво Маипу. Домаќините слават дома 2:1 и му ја земаат лидерската позиција на гостинот. Навивачите не чекаат да истече 7-та минута од судиското продолжение и ја распалуваат атмосферата како никој. Па ова го нема во друга земја, освен Аргентина. А пазете, станува збор за втора лига.

Испратени Бензема и Ибра, ама испратен и Матеу Лаоз

Легендарниот шпански судија Матеу Лаоз доби големи почести на неговиот последен фудбалски меч во кариерата како главен судија. На дуелот Мајорка - Рајо Ваљекано од последното коло во шпанска Ла Лига, Лаоз за последен пат беше со свирката. Тој во кариерата поделил 2.408 жолти картони, 128 црвени картони и досудил 128 пенали.

На Родриго му дале тренерка три броја поголема

Во пресрет на Реал Мадрид - Атлетик Билбао, во последното коло, изгледа и на економот на клубот веќе му паднала концентрацијата и го стасало уморот да оди секој викенд на работа.

Колективна тага на Сан Сиро

По 988 меча, 573 гола и 32 трофеи во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси, пак Милан како и за селекцијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ и става крај на блескавата кариера. Во октомври полни 42.

Фешта на Диего Марадона, Елмас го крена пехарот

Елиф Елмас и официјално стана вториот македонски фудбалер во историјата кој успеа да се искачи на пиадесталот во елитната Серија А. Огромен успех, има само 23 години.

Златан ги насолзи очите на последната средба со навивачите на Милан

Големи, впечатливи и важни збогувања се случија викендов. Бензема со Реал Мадрид, Ибрахимовиќ со Милан. Идоли на многу генерации. Ќе фали оваа легендарна будалетинка на терен.

Во последното коло од Серија А падна риболов на стадион

Сасуоло - Фиорентина 1:3. Ја фати само со конец, без трска и ја пушти. Уште ова го немавме видено.