Кои се најскапите голмани на свет?

Според реномираниот германски сајт Трансфермаркт специјализиран за точна вредност на речиси сите светски професионални фудбалери, интересна е категоријата на голмани.

И во ера на астрономски трансфери каде летаат страшни стотици милиони евра за засилувања, голманите сè уште не се толку „безобразни“ на пазарот.

Според Трансфермаркт четворицата најскапи голмани на светот во моментов вредат сите по 45 милиони евра: 24-годишниот голман на Порто, Кошта, 24-годишниот Донарума од ПСЖ, 28-годишниот Мењан од Милан и 31-годишниот Куртоа од Реал Мадрид.

После нив следуваат:

Едерсон (Ман. Сити) - 40 милиони евра
Онана (Ман. Јунјатед) - 40 милиони евра
Кобел (Борусија Дортмунд) - 35 милиони евра
Облак (Атлетико Мадрид) - 35 милиони евра
Алисон (Ливерпул) 35 милиони евра
Тер Штеген (Барселона) - 35 милиони евра
Ремздејл (Арсенал) - 32 милиони евра,
Раја (Арсенал) - 32 милиони евра
Мамардашвили (Валенсија) - 30 милиони евра
Санчез (Челси) - 28 милиони евра)
Мартинез (Астон Вила) - 28 милиони евра
Симон (Атлетик Билбао) - 26 милиони евра
Ремиро (Реал Сосиедад) - 25 милиони евра
Трубин (Бенфика) - 22 милиони евра
Пикфорд (Евертон) - 22 милиони евра
Мелије (Лидс) - 20 милиони евра
Ник Поуп (Њукасл) - 20 милиони евра.

Интересно на список од 111 најскапи фудбалери на светот нема голман. Карта за влез на тој список чини вредност на голман од најмалку 50 милиони евра колку што не достигнал досега ниту еден голман на Трансфермаркт.

На рејтингот најскапи голмани доминира англиска Премиер лига со 10 голмани од кои двајца на Арсенал. Интересно листата би била уште поширока но Илан Мелије со Лидс Јунајтед испадна во Чемпионшип.

Легендарниот Давид Де Хеа кој уште е слободен агент откако замина од Манчестер Јунајтед, на пазарот вреди околу 8 милиони евра и тоа е најдобар показател за играчи без клуб. Се зборува дека Шпанецот би можел да потпише со Бетис.

37-годишниот Мануел Нојер кој после многу долго време се врати на голот на Баерн Минхен на Трансфермаркт е оценет на 5 милиони евра.

15 ноември 2023 - 11:35