Како се пречекува гуштер во репрезентацијата на Бразил?

Ендрик е новото фудбалско чудо од Бразил. Има само 17 години а веќе е лидер на славниот Палмеирас кој е прв во бразилската Серија А и се бори за шампионска титула. Потпиша енормно богат договор со Реал Мадрид и ќе се пресели во Шпанија на лето следната година. Ендрик носи 9-ка на дресот. Сезонава на 27 меча од кои 14 како стартер има 9 гола. Заслужи повик за Бразил ама таму е веќе друга приказна.

Стоперот на Арсенал Габриел Магаљаеш го одува на еден тренинг пред дербито со Колумбија на гости:

 

15 ноември 2023 - 14:51