Фудбал

Подранил за дебито на Меси едно 26 дена

Камерите на мечот Филаделфија Унион - Интер Мајами го фатија најјакиот кадар на трибините кој ќе беше штета да остане незабележан. Фан на Меси патувал 1.200 милји или скоро 2.000 км за да го гледа во живо својот идол, ама очигледно момчево не користи интернет. Промоцијата на Аргентинецот е најавена за 16 јули, а дебито за 21-ви. Лео е на одмор младичу.

За Онана и Ангиса сезоната не е завршена, играат фудбал во кал

Едниот како голман на Интер имаше долга сезона сè до 10 јуни кога учествуваше во финалето од ЛШ, а другиот со Елмас ја славеше титулата во Серија А. И двајцата Камерунци на свој начин се релаксираат за време на одморот.

Судијата на мечот Њуелс Олд Бојс - Аргентина ја украде топката и направи шоу

Голем спектакл падна на прошталниот натпревар на Макси Рогригез на кој Меси постигна хет-трик, а во филм влезе и судијата. Контра фати да влече царот, ама го кутнаа на земја, па извади жолт картон за Банега, ама преку Макси одеше санкцијата. Циркузи.

Аргентинска фешта со 12 гола, хет-трик на Меси и погодок на Батистута

42 годишниот Макси Родригез одигра проштален натпревар кој мина спектакуларно во клупската средина каде ја почна и ја заврши кариерата. Ѕвезда на вечерта беше Лео Меси.

Пандев: Вратата во Академија Пандев е отворена за сите деца, желба е да стигнеме до младинската ЛШ

Горан Пандев не се повлекува од својата академија, туку напротив осумчлениот борд на директори во Њујорк одлучил токму тој да биде претседател. Најавува многу новитети меѓу кои тренери од Италија, како и фокус на работа со младите.

Најјаките 4 гола во евроквалификациите

21 годишниот Кристјан Аслани од Интер го има голот на колото во јунските квалификации за ЕП 2024. Втората позиција е за неговиот врсник од Арсенал, Бакајо Сака кој го торпедираше Столе Димитриевски.

Поранешниот селектор Игор Ангеловски го тужи ФФМ

По непријателското збогување со фудбалската федерација, некогашниот селектор Ангеловски решил по правен пат да ја побара премијата која му следуваше за историскиот пласман на Евро 2020.

Сенегал го растури Бразил, Мане даде еврогол

На стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон, на пријателски меч африканската селекција му одржа час по фудбал на силниот Бразил за кој играа речиси сите првотимци освен Нејмар. Тука беа Ришарлисон, Винисиус, Пакета, Гимараеш, Маркињос, Милитао, Едерсон. Сенегал славеше 2-3 со два гола на Мане од кои едниот беше прав еврогол.

Какво беше дебито на Кристијано Роналдо за Португалија пред 20 години?

Европската фудбалска јавност одново му оддава признание на големиот Роналдо. Португалецот синоќа на Исланд во квалификациите доби признание од Гинисовата книга за рекорди како прв играч во историјата со 200 настапи за својата земја а воедно е и најдобар стрелец на сите времиња во репрезентативен фудбал.

Јубилеен 200-ти настап за Роналдо за Португалија прославен со гол

Фудбалската репрезентација на Португалија победи на Исланд со гол постигнат во 89’ минута. Стрелец рекордерот Кристијано Роналдо кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Платен 25 милиони евра во 2019-та, сега продава опрема на Фејсбук

Фудбалерот Жан-Филип Гбамин има 27 години и е репрезентативец на Брег на Слонова коска. Под договор е со премиерлигашот Евертон кој минатата сезона го позајми во турски Трабзонспор.

Доскорешна македонска репрезентативка: „Ни викаа дека местото ни е во кујна, ајде вие сега на скаричка назад“

Поранешната македонска фудбалска репрезентавика и капитен на Македонија, Афродита Салихи, и самата редовен гостин во коментарите на нашата рубрика, синоќа објави нешто за дебаклот на македонските фудбалери во Англија.

Карвахал и Хоселу од Реал се оженети со сестри близначки

Триесет и две годишниот шпански малку познат центарфор, Хоселу пред неколку дена од Еспањол дојде во големиот Реал Мадрид. Животен трансфер за кој сонуваат милиони фудбалери. Хоселу таму ќе му се придружи на капитенот на Реал Дани Карвахал со кого се инаку баџанаци.

„Камп Ноу“ остана без третиот прстен - започна реконструкцијата

Во април годинава управата на шпанскиот шампион Барселона склучила договор за реконструкција на легендарниот стадион „Камп Ноу“ чие реновирање и обнова ќе чинат 1,45 милијарди евра а ќе го покријат неколку страни потписнички.

Еврогол на новата турска сензација

Турција е на добар пат да обезбеди пласман на Европско првенство. Синоќа Турците со 2-0 го совладаа Велс кој од 42’ минута играше со играч помалку по црвениот картон на Џо Морел. Вториот гол со кој беше потврден триумфот на Турција го постигна Арда Ѓулер, 18-годишниот чудесен фудбалер кој во моментов е најбаран играч на светот.

Навивачите на Реал го упропастија дочекот на златната Шпанија

Шпанската фудбалска репрезентација се врати на голема врата. После цели 11 години освоија шампионски пехар, овојпат во Лига Нации каде во полуфинале прво беа подобри од Италија а после во финале од Хрватска. На свечениот дочек дома, во салата Визник каде играат кошаркарите на Реал Мадрид поединци го исвиркувале младиот 18-годишен Гави, лидер на селекцијата и нов лидер на Барселона.

Историски дебакл за Македонија, Англија со 7:0 немилосрдна на „Олд Трафорд“

Вечер за заборав на најкултниот англиски стадион. Англија, во најсилен можен состав, до врв ја наполни мрежата на македонската репрезентација која го доживеа најтешкиот пораз во својата историја.

Антологискиот гол на Шаќири со Англија

Тој 16-ти октомври 2002-ра година долго ќе се памети. Македонија одигра 2-2 во Саутемптон против силната Англија а резултатот го отвори Артим Шаќири со чудесен гол од корнер. Тој меч беше јубилеен 75-ти за Симан кој претрпе огромни критики од англиската јавност и тогаш му заврши репрезентативната кариера.

Македонија е една од ретките репрезентации со позитивен учинок во Англија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го продолжува патот во квалификациите за Евро2024. По воведните победа и пораз, сега во трето коло играме против страшната Англија на гости, на легендарниот „Олд Трафорд“ каде веќе еднаш храбро одигравме 0:0.

Шпанија го освои првиот трофеј после 11 години, победена Хрватска на пенали

Во финалето на Лига Нации Шпанија и Хрватска играа 120 минути фудбал без голови. Шпанците имаа повеќе шанси, делумно поголем посед на топка, а Хрватите не ја искористија својата препознатливост во продолженијата.

Гол на сезоната во футсал

Големото дерби Спортинг Лисабон - Бенфика во кој било спорт е многу посетено. Трибините се полни и на футсал каде играат разни мајстори. Еден од таквите е Зики Те кој има 21 година и е роден во Гвинеа Бисао, а се прослави со чудесија од гол.

Навивач влета во терен и го креваше Роналдо во воздух

На 17-ти јуни се одигра уште една вечер од третото квалификациско коло за Европско првенство. Португалија ја совлада Босна и Херцеговина со 3-0, а тој меч го одбележи и еден натрапник од трибините.

Македонија од сјај до очај против Украина - од 2:0 до 2:3

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на „Тодор Проески“ арената во Скопје ги одигра најдоброто и најлошото полувреме во последните неколку месеци. Од транс, прекрасни напади и еуфорични 2:0 против далеку поскапата селекција до пораз на крајот.

Ремек делото на Елиф Елмас, најубав гол на вечерта

Македонската фудбалска репрезентација игра како во транс против Украина во вториот меч од квалификациите за Евро2024. Енис Барди од пенал го отвори резултатот во 31' минута, а Елиф Елмас само осум минути подоцна направи мајсторија која долго ќе се врти.