Фудбал

За Меси ако треба нека те носат и седум полицајци

Ни пријателски меч меѓу Аргентина и Австралија игран во Кина, не помина без натрапник на терен кој влетал да го гушне и да се слика со својот миленик. Царот се смеел кога го ваделе од терен.

На денот на мечот со Македонија, затворен е првиот човек на украинскиот фудбал

Надлежната судијка од Шевченкивскиот окружен суд, Лавова Билинска донела пресуда за 60-дневен притвор без право на кауција за претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз (УАФ) Андреј Павелко. Тој е обвинет за финансиски малверзации и проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта. Со него е осуден и генералниот секретар на УАФ, Јуриј Записоцки. Вечерва Украина во Скопје игра меч од квалификациите за Европско првенство 2024.

Како игравме со Украина на меѓусебните средби?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Скопје го игра вториот натпревар од квалификациите за Евро 2024. Ривал е Украина. Нашата репрезентација во прво коло забележа победа против Малта 3:1 а Украинците загубија 2:-0 на гости кај Англија.

Хаос на мечот САД - Мексико, 4 црвени картони, прекин пред време

Во натпревар од полуфиналето на Лига Нации за КОНКАКАФ федерцијата, САД со 3-0 го совлада Мексико во Лас Вегас во натпревар кој изобилувал со прекини и нереди.

Кога Златан и Арнатуовиќ се закачнале во Виена

Кога човек ги гледа Златан Ибрахимовиќ и Марко Арнаутовиќ прво помислува дека се од иста мајка. Толку слична градба имаат и толку идентично се однесуваат на терен и надвор од него, што личи како да се браќа. И двајцата се деца на луѓе кои од Балканот тргнале во потрага по подобар живот, и двајцата направија врвни кариери.

Клубот од Бачка Топола кој го спонзорира Орбан и кој ќе проба да влезе во Лига на шампиони

Со оглед на одличните резултати на српските клубови во еврокуповите, оваа лига стекна право да има два претставници во Лига на шампиони. Еден директно во групна фаза, а друг од квалификации.

Најубавите голови во кариерата на Мохамед Салах

Најдобриот египетски фудбалер во историјата, од својата татковина каде играл за клубовите Итихад Басјун, Отмасон Танта и Ал Мокавлун, дојде во Европа каде направи дар-мар во дресовите на Базел, Челси, Фиорентина, Рома и најмногу во Ливерпул. Денес полни 31 година па во таа чест на едно место се собрани неговите најубави евроголови.

Од играчка до плачка со атрактивната хрватска навивачка

Пред големото полуфинале во Лига Нации меѓу Холандија и Хрватска во Ротердам, Ивана Кнол, најпознатата хрватска навивачка која секаде ја следи својата фудбалска репрезентација била по улиците на овој град. Таму ѝ приоѓале навивачи да се фотографираат. „Во еден момент ми пријдоа двајца пијани навивачи кои сакаа да се сликаме. Не успеавме од четири пати и им реков дека веќе не можам после што едниот почна да прави нереди“.

Не знам кај го оставив МВП трофејот

Тоталната спонтаност и незаинтересираност на Никола Јокиќ за целата еуфорија околу него е тоа што најмногу ја привлекува јавноста во САД. Просто неверно им е како човек со такви бројки, шампионска титула и МВП награда не знаеше што да прави со шампањското, ниту со пехарите кои ги доби. Во разговор со познатата НБА водителка Малика Ендрујс призна дека не знае кај го оставил МВП трофејот.

Коцкеста рапсодија во Ротердам, Хрватска ја суреди Холандија

Репрезентацијата на Хрватска ја продолжи својата неверојатна резултатска серија во Лига Нации па откако во силна група со Франција, Данска и Австрија беше прва и обезбеди учество во борбите за пехарот, синоќа во полуфинале на истиот турнир со 2-4 ја совладаа Холандија на гости. Хрватска победи со пресврт а сега во финале ќе го чека подобриот од мечот Шпанија - Италија кој се игра вечерва.

Убава иницијатива за гостинска публика во шпанскиот фудбал

Шпанската фудбалска публика е необична по многу нешта, па и по она што на гостинските натпревари не гледа како што се гледа во другите лиги во Европа. Од оваа причина истекнала иницијатива да се ограничи цената на влезници за гостински навивачи на фудбалските стадиони.

Савичевиќ со кола возел 1.200 км за погребот на Берлускони: „Ми беше како втор татко“

Дејан Савичевиќ е со сигурност една од најголемите клупски легенди на Милан, човек поради кого многу генерации се вљубија во црвено-црните.

Џек Грилиш уште не се отрезнил

Манчестер Сити организирал шампионска парада во градот. Освоија тројна круна и влегоа во вечноста како еден од ретките клубови на кои им успеало ова. Шампионска титула во Премиер лига, пехар во Лига на шампиони и трофеј во ФА Куп. Најдобриот тим во Европа заслужено славел. Се пиело сè и сешто а најмногу со чашката се дружел најскапо платениот фудбалер на тимот Џек Грилиш.

Емотивни видеа од Милан за својот сакан Берлускони

Творецот на грандиозниот Милан, човек кој не штедеше средства да направи светски клуб со најдобри играчи и тренери во секоја ера се одјави. Росонерите денес останаа без нивниот најсакан претседател кој им донесе 29 пехари!

Легендата на Милан, Силвио Берлускони се пресели во вечноста

Утрово на 86 години во миланската клиника Сан Рафаеле починал долгогодишниот италијански премиер и светски позната култна фигура кој се прослави како претседател на Милан на кој му донесе дури 29 пехари.

Во првиот историски бараж за Серија А, Верона се спаси од испаѓање

Италијанската фудбалска лига реши сезонава за првпат во случај екипата над цртата и онаа под цртата во борбата за опстанок на дно на табела да имаат ист број бодови, да не се гледа меѓусебен скор ниту гол разлика туку да се оди во директен дуел. Ова на некој начин ја оштети Специја која еднаш ја победи Верона сезонава, еднаш одиграа нерешено. На крајот, Верона славеше 3-1 на неутрален терен во Сасуоло и опстана во елитното друштво. Специја ни крива ни должна испаѓа.

Нова бајка на Клаудио Раниери, плачеше од радост како дете

Легендарниот италијански тренер на 71 година, во јануари годинава седна на клупата на второлигашот Каљари. Овој тим тогаш беше на 14-то место во Серија Б и задача на Раниери била да се спасат од ново испаѓање во понизок ранг. На 11-ти јуни 2023-та, во големото финале на баражот, Каљари со гол во 94-та минута го победи Бари на гости 0:1 пред повеќе од 55.000 гледачи и сензационално се врати во Серија А. Раниери плачеше како што не плачеше кога со Лестер направи светско чудо во Премиер лига.

Шансите на Интер кои ќе се паметат

Манчестер Сити го совлада Интер со 1:0 во големото финале на Лига на шампиони во Истанбул и стигна до тројна круна сезонава. И покрај тоа што „граѓаните“ беа големи фаворити пред мечот, италијанскиот состав имаше неколку зрели шанси да го одведе мечот во драматична неизвесност. Лукаку беше непрецизен од непосредна близина.

Манчестер Сити е нов владетел на Европа!

Во финалето на Лига на шампиони, на модерниот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, Манчестер Сити го совлада Интер со 1:0 со голот на Шпанецот Родри и ја освои првата титула во Лига на шампиони во својата клупска историја.

Приказната за ФК Дрвош која од струмичко се рашири до Камп Ноу и Алијанц арена

Имаме нова симпатична фудбалска приказна од Македонија створена со љубов и ентузијазам и една добро позната логистичка поддршка од странство. Се спремаат за првиот меѓународен натпревар.

Средба на Ибра и Клоп, 2013-та

Едниот гази во ПСЖ, а другиот после двете последователни титули во Бундеслигата успеа да ја однесе Борусија Дортмунд до финале во ЛШ. Прави шампиони вака разговараат и се респектираат.

А сте виделе ли гол од аут?

Во меч од 10. коло на финската лига, второпласираниот на табела СЈК со 2-1 го победил последнопласираниот ВПС. Момент на мечот бил буквално на стартот, во 2-ра минута кога домашниот фудбалер Јегбе дал гол од аут. Според правилата погодокот не би бил признат ако голманот Тепо Мартинен не играл со топката.

Фудбалерите на ФК Слободен готват за бездомници

Постојат многу малку, а веќе прават големи работи и се пример за многу поголеми екипи од нив. Во меѓувреме освоија и трофеј.

Дамфрис изгледа не се возел со 22-ка

Фудбалерите на Интер пристигнаа во Истанбул каде во сабота вечер од 21:00 ги чека големо, историско финале на Лига на шампиони против силниот Манчестер Сити. Само што стигнале пред хотелот, десниот бек Дамфрис се препнал по скали од автобусот.