Ајде па почесто да доаѓате

Во Данска ќе се води голема битка за шампионска титула. После 22 одиграни кола Митдјиланд е прв со 48 бода, Брондби втор со 47 а Копенхаген трет со 45. Брондби во неделата со 4-1 го совлада Силкеборг а дури три гола постигнал младиот 23-годишен Јапонец Јуито Сузики.

Интересно тој во август лани дошол во Копенхаген и потпишал со Брондби. Во меѓувреме неговите родители ретко доаѓале во Данска, а сега кога дошле тој постигнал хет-трик па соиграчите кој како пришол им рекол на родителите почесто да доаѓаат.

19 март 2024 - 14:23