Хумел направи интересен дрес на Данска за Европско

Репрезентациите учеснички на големото Европско првенство 2024 кое летово ќе се игра во Германија, полека ги претставуваат своите комплети во кои ќе играат на турнирот. Данска ја покажа својата прва варијанта во која ќе игра на Европското а дресот произведен од брендот Hummel има називи на 1.535 професионални фудбалски клубови колку што има регистрирано во земјата. Со ситни букви се испишани од внатрешна страна на дресот.

Данска на Евро2024 ќе игра во група со Англија, Србија и Словенија.

 

20 март 2024 - 09:34