Фудбал

Нико Вилијамс - детето на мигранти кое стана голема ѕвезда на Шпанија на Еуро2024

Со родители бегалци од Гана кои оделе пешки преку пустина за подобар живот, Нико и Ињаки во Шпанија пораснале во прекрасни момци, лидери на Атлетик Билбао. Помалиот стана и главен играч во шпанската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2024.

Во Чиле и во капела се гледа фудбал

Паралелно со Европското првенство 2024, се игра и Копа Америка 2024, пандан на Еуро за Јужна Америка. Се игра во САД. Веќе започна првото коло. Аргентина славеше 2-0 против Канада. Чиле одигра 0-0 против Перу во меч кој во родната земја Чилеанците го следеле и во капела. Сигурно веќе знаете дека најголема страст за фудбалот има во Јужна Америка. На ниво на религија.

Го видовте ли најдоцниот гол во историја на Европските првенства?

На мечот кој ги имаше сите предуслови да биде прогласен за најдосаден на целото Европско, меѓу Шкотска и Унгарија, монотонијата ја разби Унгарецот Кевин Шобот со гол во 90+10’ минута од судиското продолжение. Овој погодок практично во 100-та минута од мечот е и официјално најдоцна постигнат на натпревар од Европско првенство. Во историјата.

Се отвора стара приказна - две репрезентации одат понатаму со штела 0-0

Европските првенства често биле сведоци на натпревари на кои „однапред им се знаел исходот“, односно средби на кои и на двете селекции им одговарал еден ист резултат па вртеле околу него и на крај го добиле. Сега има пак таков случај.

УЕФА го суспендираше албанскиот фудбалер за навреди кон Македонија

Рускиот клуб Рубин за кој игра 23-годишниот Мириљинд Даку го казнил и парично и дисциплински фудбалерот и соопштија дека тој не ги дели нивните вредности по големиот скандал на Европското откако со мегафон по ремито 2:2 со Хрватска поведе навредливи скандирања против Македонија и Србија.

Каква е состојбата на Унгарецот кој го потресе Европското?

Натпреварот Шкотска - Унгарија ќе се памети не само по голот на Унгарците буквално во 100-та минута (90+10’ од судиско продолжение), туку и по кошмарната повреда на центарфорот Барнабаш Варги.

Редар не го позна Монтела и не го пушташе

Пред натпреварот Португалија - Турција (3:0), селекторот на Турците, Италијанецот Винченцо Монтела не можеше да влезе на стадион зошто еден редар не го познал и му барал акредитација. Правила се правила би рекол некој.

Белгија даде гол за 73 секунди - најбрз во нивната историја на ЕП

Белгија со 2-0 ја совлада Романија .Уште во 73-та секунда на убава асистенција на Ромелу Лукаку, Јури Тилеманс постигна ефектен погодок за водство. Ова беше најбрз гол во историјата на белгиската репрезентација на Европските и Светски првенства.

Роналдо му ја сокри топката на Турчинот Бардакчи

Кристијано Роналдо одигра важна улога во триумфот на Португалија над Турција од 3-0 со кој се пласираа во следна фаза. Кристијано имаше асистенција за погодокот на Бруно Фернандеш а во еден момент го крена стадионот на нозе по дриблингот над 10 години помладиот Абдулкерим Бакдарчи.

Леао суспендиран поради два жолти картони за глума

Дваесет и пет годишната ѕвезда на Милан уште нема гол ни асистенција на Европското првенство 2024 иако добива максимален простор од селекторот Роберто Мартинез. На мечот против Турција доби жолт картон поради глума, а со оглед на тоа што за исто доби жолт и со Чесите, сега го чека суспензија од еден меч.

Го пукнаа Роналдо за селфи, редар со клизачи му влезе на португалски играч

Денешната програма на Еуро2024 донесе прв историски бод на едно Европско за Грузија (1:1) со Чешка, нов рекорден автогол на турнирот, Кристијано стана највозрасниот асистент на гол во историјата на Европските првенства, а на Лукаку по трет пат му поништија гол.

Кога Алиоски влегол со кромид на оток во соблекувална на Лидс Јунајтед

Македонскиот репрезентативен лев бек Езѓан Алиоски го имаше врвот на кариерата во англиски Лидс Јунајтед. И тоа под водство на „лудиот“ Марсело Бјелса со кого играа во Премиер лига. Најјак голгетер на екипата беше Патрик Бамфорд кој во еден подкаст раскажал каква луда глава бил Алиоски и кога еднаш во соблекувална дошол со кромид на оток на зглоб па цела соблекувална мирисала на кромид.

Интересни наслови на весници за Еуро2024

Европското фудбалско првенство во Германија станува сè поинтересно за гледање. Некои се задоволни од резултатите а некои не. Трката за пласман во следна фаза продолжува.

33-годишниот Канте втор меч по ред добива награда за играч на натпревар

Канте веќе подолго време, од 2023-та година е во фудбалска сенка. Откако отиде во Саудиска Арабија, некогашниот најголем борец на Челси падна во втор план. Но на ова Европско 2024 покажа зошто селекторот на Франција го повикал во тимот.

Прекрасната емоција на Украинецот Јаремчук

Украинската фудбалска репрезентација, како и самата оваа земја, веќе две ипол години ја следат војни стравотии. Украинските фудбалери со кои се поистоветува целата земја, за ептен малку не успеаа да се пласираат на минатото Светско првенство 2022 во Катар. А подоцна се пласираа на Еуро2024. Со млада и супер талентирана екипа веќе скоро три години домашните натпревари ги играат далеку од дома, во странски земји. Денес ја забележија и првата победа и тоа после голем пресврт 1-2 против Словачка.

Реми без голови на дербито Холандија - Франција

Денешната програма на Еуро2024 ја завршија Холандија и Франција кои во Лајпциг одиграа без погодоци. И покрај бројните шанси на двете страна, „лалињата“ и „галските петли“ освоија само по еден бод. Ова е првпат после дури 45 меча по ред на Европско првенства да не падне гол на еден натпревар.

Супер голот на Данска против Англичаните

Хари Кејн конечно го постигна првиот гол на Еуро2024. На мечот против Данска во 2. коло отвори во 18' минута, но  во 34' минута фудбалерот на Спортинг Лисабон Мортен Хјумланд постигна страшно голчиште кое уште долго ќе се памети.

Шпанија со автогол го доби големиот европски класик со Италија

Во најголемото дерби од досегашниот тек на Европското првенство, Шпанија ја совлада Италија со 1-0 и со втор триумф осигура пласман во следна рунда. Најталентираниот италијански дефанзивец си постигна автогол.

Лудо реми на дербито Словенија - Србија, Јовиќ спаси бод за Србите во последна секунда

Во крајно неизвесен натпревар попладнево на „Алијанц Арена“ во Минхен, Словенија и Србија поделија по бод што е најреална слика на мечот.

Како не беше гол, еве ќе ви покажам

Германскиот центарфор од Борусија Дортмунд Никлас Филкруг кој веќе постигна еден гол во триумфот со Шкотска од 5:1 по победата над Унгарија зборувал пред новинарите. Еден го прашал дали сметаш дека првиот гол беше валиден? Им извади телефон да им покаже.

Да видиш како поминал првиот тренинг на Хајдук со Гатузо

Некогашниот фудбалски пит-бул Џенаро Гатузо во тренерската кариера водеше големи клубови како Милан, Валенсија, Олимпик Марсеј ама никаде не се прослави. Сега доби шанса во Хајдук Сплит кој ќе проба со него да направи исчекор кон титулата. Играчите што ги чека со него нека му ја мислат.

Бурните германски прослави на головите

Германската фудбалска репрезентација ја забележи и втората победа на Европското првенство и обезбеди пласман понатаму. Головите на Џамал Мусиала и Илкај Гундоан беа гласно прославени на сите плоштади каде масовно се следеше натпреварот на Германците.

Лукаку ни на тренинг не може да погоди гол

Центарфорот на белгиската репрезентација на мечот од првото коло со Шкотска промаши еден куп шанси. Ни на тренинг во базата на Белгијанците не му оди нешто поинаку.

Модриќ напушти прес по новинарско прашање за стари и млади

Легендарниот капитен на Хрватска коректно и во свој манир одговараше на сите новинарски прашања после разочарувачкото реми 2:2 со Албанија на кое примија гол во последните секунди од мечот. Едно новинарско прашање на некој шпански новинар: Дали за мечот со Италија да играат старите или младите рекол ајде, одиме и си станал.