Прекрасната емоција на Украинецот Јаремчук

Украинската фудбалска репрезентација, како и самата оваа земја, веќе две ипол години ја следат војни стравотии. Украинските фудбалери со кои се поистоветува целата земја, за ептен малку не успеаа да се пласираат на минатото Светско првенство 2022 во Катар. А подоцна се пласираа на Еуро2024. Со млада и супер талентирана екипа веќе скоро три години домашните натпревари ги играат далеку од дома, во странски земји. Денес ја забележија и првата победа и тоа после голем пресврт 1-2 против Словачка.

Словачка поведе преку Шранц во 17' минута. Ова беше втор погодок на втор меч по ред за словачкиот репрезентативец кој се израмни со таков учинок со Христо Стоичков и Џамал Мусиала.

Но Украинците направија целосен пресврт. Со гол прво на Шпаренко во 54' минута а после и на снажниот центарфор Јаремчук во 80' минута.

После мечот славеа со своите навивачи а Јаремчук не можеше да ги задржи солзите:

Сега Украинците имаат подеднаков број на бодови со Словаците и Романците со тоа што вториве денес ќе играат со Белгија, па останува реална можноста сите четири селекции да влезат во завршната рунда со по три поени.

21 јуни 2024 - 23:35