Во Чиле и во капела се гледа фудбал

Паралелно со Европското првенство 2024, се игра и Копа Америка 2024, пандан на Еуро за Јужна Америка. Се игра во САД. Веќе започна првото коло. Аргентина славеше 2-0 против Канада. Чиле одигра 0-0 против Перу во меч кој во родната земја Чилеанците го следеле и во капела. Сигурно веќе знаете дека најголема страст за фудбалот има во Јужна Америка. На ниво на религија.

Чиле е во група со Аргентина, Перу и Канада. Во првото коло Чиле ремизираше 0-0 со Перуанците, па Аргентина е прва на табела со 3 бода, Чиле и Перу имаат по бод а Канада е без бодови.

24 јуни 2024 - 12:47