УЕФА го суспендираше албанскиот фудбалер за навреди кон Македонија

Рускиот клуб Рубин за кој игра 23-годишниот Мириљинд Даку го казнил и парично и дисциплински фудбалерот и соопштија дека тој не ги дели нивните вредности по големиот скандал на Европското откако со мегафон по ремито 2:2 со Хрватска поведе навредливи скандирања против Македонија и Србија.

УЕФА го суспендираше Мириљинд Даку на два натпревари поради навредите кон Македонците и Србите, а фудбалскиот сојуз на Албанија е казнет со 47.500 евра. Даку нема да игра против Шпанците вечерва во решавачкиот меч за Албанија за евентуален пласман во 1/8 финале.

Даку во меѓувреме се извини, призна дека згрешил, но УЕФА реагираше и го казни.

„Етичката и дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука по повод инцидентот кој се случи по крајот на мечот Албанија - Хрватска на Европско првенство 2024 во која учествуваше центарфорот на црвено-црните Мириљинд Даку. Комисијата на УЕФА одлучи да го суспендира албанскиот фудбалер на два меча и нема да игра на мечот против Шпанија во понеделник на 24. јуни во Дизелдорф“, соопштил фудбалскиот сојуз на Албанија.

Претходно и ФФМ го осуди однесувањето на албанскиот фудбалер кој пцуеше по Македонија и Македонците на мегафон. ФФМ побара реакција од УЕФА и го повика Даку јавно да се извини и да ја признае штетата која ја направил. 

Репрезентативец на Албанија ја навредувал Македонија

24 јуни 2024 - 09:42