Интересни наслови на весници за Еуро2024

Европското фудбалско првенство во Германија станува сè поинтересно за гледање. Некои се задоволни од резултатите а некои не. Трката за пласман во следна фаза продолжува.

Словенечко Delo: „Словенците беа во рајот, сега стојат пред него“

Репрезентацијата на Словенија прими гол во последни секунди од мечот со Србија во кој имаа водство 1:0 и пропуштија голема шанса да осигураат пласман во следна фаза.

Шпански AS: Шпанија е празник!

Шпанската репрезентација празнуваше победа во „Класикот на Европа“ против Италија со 1:0 и обезбеди пласман во 1/8 финале со прекрасен фудбал.

Спортски Журнал (Србија): „Нема предавање“

По лудиот драматичен финиш на мечот со Словенците кога дадоа гол буквaлно во последни секунди за огромен злато вреден бод (1:1), Србите останаа со надеж за пласман во следна рунда.

Daily Mirror: Англија е тешка за гледање

Англија од апсолутно најголем фаворит на Еуро2024 пред стартот, сега после 2 кола падна многу во очите на навивачите. Одиграа бледи 1:0 со Србија во меч во кој можеа да примат и гол, па после ремизираа само 1:1 со Данска. Сега во трето коло ги чека Словенија.

Przeglad Sportowy (Полска): Напред Полска!

Наслов на најголемиот полски медиум пред мечот со Австрија во кој изгубија 1:3 и станаа прва селекција која испадна од Еуро2024 после ремито 0:0 меѓу Франција и Холандија од оваа група.

L'Equipe (Франција): Да се игра маскирано

Легендарниот француски магазин „Л'Екип“ со наслов: Напред маскирани! Како алузија на повредата на Килијан Мбапе на носот после која рекоа дека ќе игра со маска.

22 јуни 2024 - 08:52