Реми без голови на дербито Холандија - Франција

Денешната програма на Еуро2024 ја завршија Холандија и Франција кои во Лајпциг одиграа без погодоци. И покрај бројните шанси на двете страна, „лалињата“ и „галските петли“ освоија само по еден бод. Ова е првпат после дури 45 меча по ред на Европско првенства да не падне гол на еден натпревар.

Вест на денот денес од Еуро2024 е елиминацијата на Полска која убедливо изгуби 3-1 од Австрија со што неславно завршува репрезентативната кариера на големиот Роберт Левандовски. Полјаците се прв тим кои пакуваат куфери и си одат дома после два воведни порази.

Претходно Украина после голем пресврт ја совлада Словачка 1-2 и задржа големи шанси за пласман во следна фаза.

А во дербито на колото вечерва, во Лајпциг и покрај тоа што играа екипи кои во своите состави имаат расни стрелци како Маркус Турам, Гризман, Мемфис Депај и Чави Симонс, сепак голови немаше. Килијан Мбапе е опоравен но мечот го преседе на клупа за да биде спремен во продолжение од Европското.

Во текот на дербито шанси не искористија Гризман и Адриан Рабио кои промашуваа пред голот на Холандија:

2024/06/21/421644-remi-bez-golovi-na-derbito-holandija-francija.mp4"]

Во 69' минута од мечот се случи и најспорниот момент. Холандија поведе со гол на фудбалерот на РБ Лајпциг Хави Симонс, но помошникот судија сигнализираше офсајд иако Дамфрис не играше со топката. Наводно тој му засметувал на францускиот голман Мајк Мењан.

Чудна и спорна одлука:

До крајот немаше преголема драма и ремито како да ги задоволи и двете селекции. Во последното коло Франција ќе игра против Полска, а Австрија против Холандија.

Франција и Холандија имаат по 4 бода во оваа група, Австрија има 3 бода а Полска со 0 ботови нема веќе ниту математички шанси за пласман и испадна.

21 јуни 2024 - 22:55