Каква е состојбата на Унгарецот кој го потресе Европското?

Натпреварот Шкотска - Унгарија ќе се памети не само по голот на Унгарците буквално во 100-та минута (90+10’ од судиско продолжение), туку и по кошмарната повреда на центарфорот Барнабаш Варги.

ШТО СЕ СЛУЧИ?

Во 68’ минута голманот на Шкотска Ангус Ган во еден воздушен дуел силно се судри со Унгарецот Барнабаш Варга кој остана да лежи на земја со вкочени раце.

Варга лежеше на земја, судијата го прекина мечот а најблиските играчи во близина веднаш се стрчнаа кон него да му пружат помош. На терен се појавија и лекарите кои интервенцираа брзо.

После потресната состојба на унгарскиот центарфор, неговите соиграчи беа во шок, а редарите веднаш со ќебиња го криеја повредениот Варга од камерите каква што е праксата во вакви случаи. Инцидентот потсети на страшниот момент со Данецот Кристијан Ериксен во 2021-ва година кога исто на Европско првенство колабираше на сред терен и беше во животна опасност.

Унгарецот беше изнесен на носилки и покриен а на лекарите им помогна унгарскиот капитен Доминик Собослаи.

„Јас бев еден од првите тука, тешко е да се види такво нешто, буквално ги криев очите. Не сфаќам како работи протоколот, зошто докторите не истрчаа да донесат носилки. Нашатак лупа ги собра сите лекари кои можеше и јас работев заедно со нив. Не ми е важно што вика протоколот во такви случаи“, рекол унгарскиот капитен кој игра за Ливерпул.

МУ ЈА ПОСВЕТИЈА ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА

Унгарија постигна гол шреку Кевин Шобот во 90+10’ минута од судиското продолжение буквално во последните секунди од мечот и освои сензационални три бода кои многу лесно би можеле да ја однесат во следна фаза. Унгарците сега се трети со три бода зад Германија и Швајцарија.

ШТО Е ПОЗНАТО ЗА СОСТОЈБАТА НА ВАРГА?

Според унгарскиот медиум M4 Sport, центарфорот веднаш бил префрлен во болница во Штутгарт. Бил во свесна состојба и можел да разговара и одговара на прашања. После мечот унгарскиот репрезентативец Роланд Шалаи рекол дека екипата знае дека Варга е во добра состојба но ќе продолжи да се моли за него.

„Варга беше во стабилна состојба кога го напушти стадионот. Се надеваме дека брзо ќе се врати во хотел. Или ние ќе појдеме кај него во посета, важно ни е да бидеме заедно сите“.

А унгарскиот селектор Марко Роси рекол:

„На Варга му е скршена јагодичната коска и наскоро ќе мора на операција. Не е животно загрозувачки но Европското првенство за него е завршено“.

Унгарија победи 1:0 со најдоцниот погодок во историјата на Европските првенства.

24 јуни 2024 - 09:16