Се отвора стара приказна - две репрезентации одат понатаму со штела 0-0

Европските првенства често биле сведоци на натпревари на кои „однапред им се знаел исходот“, односно средби на кои и на двете селекции им одговарал еден ист резултат па вртеле околу него и на крај го добиле. Сега има пак таков случај.

Системот на натпреварување на Европското првенство математички носи шанса за „местенка“.

Пред третото коло од група Е на ЕУРО2024, ситуацијата е таква што сите четири тима, Романија, Белгија, Словачка и Украина имаат по 3 бода. Оваа група е најнеизвесна.

Ако веќе е познато дека со четири бода една селекција може да помине во осминафинале, дури и како една од четирите најдобро третопласирани, тогаш е јасно што може да биде во последното коло.

Во последна рунда Словачка игра против соседна Романија. Дигитронот вели дека со 0:0 од овој меч и двете репрезентации одат во осминафинале. 

Но има и други калкулации, во зависност од резултатите на другите натпревари, исходот на крај би можел да биде и поинаков. Има опција според која во случај Чешка и Албанија да ги загубат своите натпревари, Словачка оди понатаму и со пораз. Исто и Романија.

Во тој случај Романците би биле први или втори (во зависност од резултатот на вториот дуел од групава Белгија - Украина), а Словачка би била третопласирана.

Овие натпреваро од група Е се закажани за среда од 18:00 часот.

24 јуни 2024 - 10:23