33-годишниот Канте втор меч по ред добива награда за играч на натпревар

Канте веќе подолго време, од 2023-та година е во фудбалска сенка. Откако отиде во Саудиска Арабија, некогашниот најголем борец на Челси падна во втор план. Но на ова Европско 2024 покажа зошто селекторот на Франција го повикал во тимот.

Нголо Канте иако игра за Ал Итихад во Саудиска Арабија, далеку од сериозниот европски фудбал, тој во Германија на Еуро2024 веќе се закити со две награди најдобар играч на натпреварот. Покрај тоа на два пати заслужено беше стартер и ја оправда улогата.

Големиот фајтер имал 93% прецизни додавања и истрчал 11 километри со максимална брзина од 33,3 км/час.

На големото дерби со Холандија во петокот вечер, Канте во Лајпциг имаше:

- 74 додавања
- 12 додавања во финалната третина од теренот
- 4 одземени топки
- 4 центаршути
- 4 добиени дуели
- 3 создадени шанси за соиграчите
- 2 шута
- 1 добиен воздушен дуел

Нголо Канте стана првиот фудбалер на Еуро2024 кој добил две признанија по ред за најдобар игран на натпреварот. Претходно го избраа на дуелот со Австрија.

22 јуни 2024 - 08:39