Шпанија со автогол го доби големиот европски класик со Италија

Во најголемото дерби од досегашниот тек на Европското првенство, Шпанија ја совлада Италија со 1-0 и со втор триумф осигура пласман во следна рунда. Најталентираниот италијански дефанзивец си постигна автогол.

Во второто коло од групата Б, „црвената фурија“ одигра многу подобар фудбал од избраниците на Лучано Спалети и заслужено ги освоија трите бода. За ова доказ се дури 20 шута наспроти само 4 на Италијанците од кои дури 9 во рамки на голот наспроти само 1 на Аѕурите.

Шпанија издоминира со посед на топка, со врвна креација, со мајстории на Нико Вилијамс и Ламин Јамал и покажа зошто е меѓу топ3 фаворити за титулата.

Нико Вилијамс заслужено на крајот беше прогласен за играч на мечот. Токму после негов пробив и центаршут во 55' минута Калафиори си постигна автогол кој на крај се испостави за клучен.

Звучи неверојатно, но вистинито дека ова е прв автогол на Италија во историјата на нивните бројни настапи на Европски првенства.

Во најголемото дерби од досегашниот тек на Европското првенство, Шпанија ја совлада Италија со 1-0 и со втор триумф осигура пласман во следна рунда. Најталентираниот италијански дефанзивец си постигна автогол.

Во оваа група Б Шпанија е прва со 6 бода (гол разлика 4:0), Италија е втора со 3 бода, а Албанија и Хрватска имаат по 1. Во последното коло Хрватска ќе проба да се вади против Италијанците на кои ќе им треба и само бод за пласман. Шпанија ќе игра против Албанија.

20 јуни 2024 - 23:16