Лудо реми на дербито Словенија - Србија, Јовиќ спаси бод за Србите во последна секунда

Во крајно неизвесен натпревар попладнево на „Алијанц Арена“ во Минхен, Словенија и Србија поделија по бод што е најреална слика на мечот.

Словенија во денешниот натпревар влезе по големиот бод освоен со Данска, а Србија после поразот од Англија 1:0. Обете селекции од самиот почеток играа внимателно, со повеќе акцент на својот гол.

Словенците први потегнаа во моментите кога почуствуваа дупки во противничкото поле, создадоа неколку прилики во првиот дел но не искористија. Избраниците на Драган Стојковиќ - Пикси се обидуваа да наметнат свој ритам но безуспешно.

Во вториот дел Душан Тадиќ, Митровиќ и Влаховиќ поведоа неколку сериозни напади за Србија но буквално сите им се одибваа пред противничката одбрана која беше беспрекорна.

Српскиот тим успеа да изгради неколку пристојни акции но неискористените шанси ги чинеа примен гол. Во 62' минута десниот офанзивен бек на Словенија Жан Карничник постигна погодок за огромно славје меѓу 20-ина илјади словенечки навивачи.

Ова беше прв погодок во историјата на словенечката репрезентација на Европските првенства:

Селекторот на Србија освежи со неколку измени кои од клупата покажаа дека заслужуваат да добијат повеќе простор. Пред се фудбалерот на Удинезе Лазар Самарџиќ кој ги размрда своите соиграчи.

Се трудеа „орлите“ да возвратат и тоа им појде од рака буквално во последните секунди од мечот, кога од последниот корнер, нововлезениот Лука Јовиќ постигна гол со глава, го совлада Јан Облак за делириум меѓу српските навивачи на трибините.

На крајот реми 1:1 од кое далеку позадоволна излегува српската репрезентација. Словенците можат да жалат затоа што со триумф ќе имаа 4 бода и ќе обезбедеа пласман во следната фаза.

Интересно, со голот на Лука Јовиќ продолжи неверојатната серија од 45 меча по ред на Европски првенства кои не завршиле без голови. На сите 45 имало макар по еден погодок.

Во вториот меч од оваа група играат Данска и Англија, а во последното коло кое ќе решава кои три селекции ќе одат понатаму ќе се сретнат Србија - Данска и Словенија - Англија.

20 јуни 2024 - 16:57