Фудбал

Пантерски рефлекс на голманот на Арсенал во дербито

Во големото дерби на северен Лондон, Арсенал и Тотенхем пред повеќе од 60.000 гледачи одиграа 2-2. „Топџиите“ два пати поведуваа, но гостите брзо одговараа. Два гола за Тотенхем даде Кореецот Сон кој сега има вкупно 5 гола на ова големо градско дерби и ги надмина Анри, Пирес и Хари Кејн. Одлично бранеше и голманот Давид Раја кој го седна репрезентативецот Ремздејл на клупа.

Атрактивна пас игра на Тотенхем под притисок

Лондонското дерби заврши 2:2, откако Сон на два пати одговори на водствата на Арсенал. Фудбалерите на Тотенхем покажаа дека и под жесток притисок на градскиот ривал, умеат многу добро да играат брзо, прецизно и поврзано. За малку ќе постигнеа и гол од оваа прекрасна акција.

Спектакуларно голчиште на Хакими

Килијан Мбапе синоќа одигра само половина час поради повреда, но и без него ПСЖ му ја наполни мрежата на Олимпик Марсеј со четири комада. Резултатот го отвори Ашраф Хакими по само 8 минути игра, гол кој сигурно ќе конкурира за еден од најубавите на сезоната.

Што ме вадиш, треба победа да бркаме со двајца напаѓачи

Актуелниот шампион на Италија не бележи баш убедлив старт како лани и по 5 кола има само две победи. Со Болоња на гости одигра без голови и откако Руди Гарсија ги извади крилните напаѓачи Кварацхелија и Распадори за да освежи со Елмас и Политано, направи измена Осимен-Симеоне. Нигериецот се налути и му гестикулираше дека треба во финишот да гризат со двајца истурени напаѓачи.

Растур систем на Миовски со два гола и асистенција

На Бојан Миовски му лежи Шкотска како на никој друг македонски играч и веќе има 7 гола на стартот на новата сезона.

Чудесниот пресврт на Барса која победи после негатива од 0:2 до 81 минута

Момците на Чави бележат одличен старт во Ла Лига со 5 победи и едно реми. Синоќешниот триумф е нешто невидено откако постојат како клуб.

Совршен рецепт за идеален слободен удар

Во француската Лига 1 Нант и Лориен одиграле спектакуларен меч со дури 8 гола. Гостите први повеле 0-1, па домаќините воделе 4-3 и на крај победиле 5-3. Од сите осум гола најубав бил оној на Мустафа Мохамед во 55' минута за Нант.

Прием на денот

Четиересет и шест годишниот германски тренер Даниел Фарке е нов предводник на Лидс Јунајтед сезонава. Екипата тргна добро и на пет меча има 3 победи и 2 нерешени и е на петто место во силниот Чемпионшип. Фарке им покажа на сите на „Еланд Роуд“ и каков прием има.

Автогол на Јувентус каков што не се памети

Јуве имаше одличен старт на сезоната но синоќа гостуваше кај Сасуоло и претрпе тежок пораз од 4-2, резултат незамислив во време на шампионскиот Јувентус за кого ваквите гостувања беа екскурзија. Бјанконерите имаа активен резултат до 82' минута кога прво Пинамонти му донесе на Сасуоло 3-2 и во 90+5' минута кога стоперот Гати си постигна многу смешен автогол.

Волеј на викендот во режија на Бруно

Манчестер Јунајтед влезе во серија од четири порази на последните шест меча па очајно им требаше триумф за да колку-толку ја вратат самодовербата пред продолжение на сезоната. Бруно Фернандеш синоќа на гости кај Барнли им донесе три бода и победа со прекрасен гол со волеј. Асистенција на ветеранот Џони Еванс.

Судија фатен во офсајд

Што е смешно, мислите лесно му е да издржи 90 минути без пиво?

Топ 4 гола на колото во ЛЕ според УЕФА

Убави бомби паднаа синоќа во Лига Европа, ама ниту една не може да се спореди со онаа на Џибрил Сидибе, кој заслужено е на првата позиција. Од каде ли ја извади оваа сила со глава играчот на АЕК Атина?

Евроголот на кој му даваат големи шанси за награда „Пушкаш“

Голот на Иван Моранте од Ибица против Бурхос во шпанската трета лига е еден од главните кандидати да ја добие вредната награда „Ференц Пушкаш“ за гол на сезоната 2022/2023

Не го променија ниту влезот во Бундеслига и ЛШ, со точак си оди од стадион

Не се вика Халанд, Мбапе, Меси или Роналдо, туку Кевин Бехренс. Целосна непознаница за фудбалскиот свет кој стапна на елитнатата фудбалската сцена. Ама остана ист.

Џиџи царе, не изнасмеа со англискиот

Абе како и да ја вртите, Џиџи Буфон е цар човек, људина, плус господин. Да го видевте само во подтрибинскиот простор и во прес салата на Градски. Насмеан, топол, расположен, приемчив за слика, автограм и разговор со секого. Полн со енергија после неверојатната 28 годишна кариера со милион паради и без никаква надменост. Погледнете го овој труд со италијански гестикулации и гримаси. Цел се даде за да им учини на јазикот кој не му лежи баш.

Триаголникот на Дибала, Лукаку и Кристанте

На толку многу европски утакмици во четврток не знаеме кој е гол број 1, ама сигурни сме дека немаше појака акција од онаа на Рома кога го решија Шериф Тираспол со 1:2. Тешко да ги следиш, а не па да им ја земеш.

Три ипол минутен доказ како се крева клуб од пепел

Брајтон е типичен англиски клуб за кого со право прва асоцијација секому е тврд, тежок островски фудбал во пониските дивизии. Така и беше повеќе од две децении. Брајтон пред 27 години бил пред банкрот, во дебел минус, грцал во долгови, а навивачите правеле хаос по стадионот. Денес, Брајтон важи за најпријатно изненадување во цела Премиер лига.

Изненадување за детето кое секој ден му мавта на саканиот тим

Осумгодишниот Чинар Озкан од турскиот град Самсун редовно секој ден му мавтал на клупскиот автобус на Самсунспор, екипа од турската Суперлига. Бил среќен секогаш кога ќе поминат, ќе му мавнат и ќе го поздрават со свирка. Еден ден од клубот решаваат да го изненадат.

Ти ги мислиш камерманиве фудбал снимаат

Освен голови, шанси, пречки, стативи, црвени картони, и тие сакаат да видат нешто друго во тек на еден спортски настан. 

Зрињски Мостар го направи најлудиот пресврт во Европа

Мостарскиот клуб игра прва историска сезона во групна фаза на некој еврокуп. Но Зрињски не се задоволи со тоа и синоќа против холандски АЗ Алкмар направи чудесен пресврт за кој зборува цела фудбалска Европа. Холанѓаните кои лани беа полуфиналисти на Лига Конференции, на полувреме водеа 0-3. Домашните на крај славеа со 4:3 за најневеројатен пресврт сезонава во Европа.

Коментатор во Лига Европа имитираше лик од цртан филм

АЕК Атина се врати со гостинска победа од 2:3 над Брајтон. Во екипа имаат фудбалер од Иран кој се вика Милан Мохамади. Коментаторот прво кажуваше дека имал сезонава два прволигашни настапи, а потоа на неочекуван начин се осврна на неговиот прекар.

Најлудата асистенција со рака ни доаѓа од Иран

Па зарем умее ли некој да го повтори ова чудо? Нереално.

Голманот на Астана се претвори во гледач на мајсторијата на Динамо Загреб

Динамо Загреб ја понижи Астана со петарда во првото коло од Конференциската лига, а за атракција на мечот се погрижи 21 годишниот Марко Булат. Ристовски не настапи поради повреда, а Адеми не е пријавен во Европа.

И Канте се отвори со голчиште во Саудиска Арабија

После сите атрактивни голови на европските ѕвезди во најпопуларното прибежиште привлечно поради убавите пари, на ред дојде и Н`Голо Канте. Популарниот борец од средниот ред на Челси му донесе победа на својот Ал Итихад со гол и асистенција, за конечни 2:1 против Ал Фатех. Бензема не играше.