Бразилскиот лев бек кој е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња и кој стана клупска легенда на Реал Мадрид, веќе неколку месеци игра за својот матичен клуб Флуминенсе. И игра добро на 37 години. Синоќа на меч од 6. коло од групна фаза во Копа Либертадорес постигнал гол во триумфот од 3-2 над перуанска Алијанса Лима.