Новинар го потценувал Маркус Турам, овој му вратил со шмекерски потег

Дваесет и шест годишниот Французин Маркус Турам, син на легендарниот бек на Парма и Јувентус Лилијан Турам, сезонава беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Интер и одличните настапи во Лига на шампиони. Маркус постигна 15 гола, имаше и 14 асистенции и со Лаутаро Мартинез го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Европа.

Познатиот италијански новинар Сандро Сабатини пред почетокот на сезоната во Серија А рекол дека Интер направил голем чекор назад со доведувањето на Маркус Турам наместо Един Џеко.

Турам после сјајанта сезона, после натпреварот од последно коло Верона - Интер (2:2) му пратил на новинарот Сабатини негов дрес со автограм и потпис „Чао чекор назад“.

Му го врачила водителката на емисијата „Пресинг“ на каналот Спорт МедиаСет Моника Бертини.

„Се слушнавме со Маркус кој е притоа многу мил и пријатен. Си го „заслужив“ поклонов. Друг пат ќе пазам какви претпоставки давам во студио“, рекол Сабатини и додал дека Маркус Турам му рекол како го мотивирал со тие зборови за „чекор назад на Интер“ и затоа сакал да освои скудето.

 

29 мај 2024 - 14:15