Светот слушна за Халанд кога даде 9 гола на 1 меч

Во 3. коло од групна фаза на Светско младинско првенство У-20, Норвешка со 12-0 го совлада Хондурас. Натпреварот се играше на денешен ден пред точно 5 години. Ерлинг Халанд тогаш имаше неполни 18 години а постигна верувале или не на тој меч дури 9 гола. Три хет-трика. После тоа за него се заинтересираа големите европски клубови.

Ерлинг Халанд почнал со фудбал во 2015-та во родниот Брине во Норвешка па преминал во Молде. Од таму потпиша со австрискиот гигант Ред Бул Салцбург каде го потврди својот талент па следеше премин во Борусија Дортмунд. Со 6 гола на 62 меча во Борусија заслужи мега трансфер во Манечстер Сити.

Ерлинг Халанд денес на 23 години важи за еден од најдобрите светски центарфори. Втора година по ред стана најдобар стрелец во силната Премиер лига, освои Лига на шампиони и две титули во Премиер лига.

30 мај 2024 - 08:57