Најсрамната местенка на сезоната ни доаѓа од Црна Гора

За успешно и тешко забележливо штелување на резултат, обично велат дека е доволно да знаат двајца дефанзивци или пак еден и плус голманот. Ама нема, ова е Балкан.

Во баражот за влез во втората црногорска лига се бореа три екипи, за две места, тоа се Ибар, Будва и Зета. Од кои две имаа меѓусебен дуел, Будва и Зета, што е нели супер можност за местенка.

Сценариото за промоција на двете екипи беше тешко изводливо, но не и невозможно, особено кога ќе се договори човек на маса.

За Будва и Зета да станат второлигаши, требаше да одиграат 2:2 или било кој друг нерешен резултат со повеќе голови, а потоа Будва да победи на пенали.

Ја наштелуваа на најпривиден начин. Зета до 32 минута водеше 3:0, потоа Будва израмни за 22 минути, победи 4:2 на пенали и на крај и двете екипи беа среќни и задоволни, за разлика од јадниот Ибар.

Погледнете како „се фрли“ голманот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CG sport (@cgsportme)

И целиот циркус објаснет со директен критички осврт на коментаторот.

29 мај 2024 - 11:44