33 години од најважниот гол на Дарко Панчев и Ѕвезда

Црвена звезда и натаму останува единствен клуб од регионов кој стигнал до драгоцениот пехар во Куп на европски шампиони (денешна Лига на шампиони). Пред точно 33 години, на стадионот „Свети Никола“ во Бари, Црвена звезда на пенали го совлада француски Олимпик Марсеј а решавачкиот гол го даде Дарко Панчев.

Едни од најважните за трофејот на Црвена звезда беа Илија Најдоски и Дарко Панчев:

Панчев во тоа време беше еден од најдобрите европски голгетери, во силната југословенска лига постигна 34 гола за што подоцна и доби Златна копачка од француски Л’Екип како најдобар стрелец на континентот:

Црвена звезда го посетила и Дарко Панчев во Скопје при што му била подарена реплика од дресот со негов број 9 и автограм од него кој во ретро стил ќе се продава во нова колекција.

29 мај 2024 - 12:55