Олимпијакос и Фиорентина во големото финале играно на прекрасната арена „Света Софија“ во Атина одиграа тврд натпревар без голови. Двете екипи се мачеа без погодоци речиси два часа, а во 116-та минута заврши се: Ајуб Ел Каби постигна прекрасен гол со глава.
На трибините каде очекувано доминираа црвено-белите бои поради тоа што финалето се играше во Атина, огромно славје по голот на Ел Каби:
Судиите гледаа ВАР неколку минути, проверуваа, но на крај одлучија дека нема никаков офсајд. Стадионот во Атина по втор пат експлодираше.
Ова е прв историски триумф на Олимпијакос во еврокуп а прв европски трофеј за грчкиот фудбал после цели 20 години и сензационалната победа на Евро 2004 во Португалија.
Олимпијакос е прв клуб уште од времето на Феенорд во 2001/2002 кој освоил еврокуп во своја сопствена земја. Тимот од Ротердам тогаш на домашен терен славеше во Куп на УЕФА.
Славјето на улиците во Атина траела до доцна во ноќта на сите централни плоштади:
„Фала му на Бога, им ветивме на нашите навивачи дека ќе успееме денес и успеавме“, изјавил најдобриот стрелец на Лига Конференции Ел Каби кој го реши финалето со гол во 116’ минута.
ПРВ ЕВРОКУП ЗА ГРЧКИ КЛУБ
Најблизу до европски пехар грчки клуб бил пред повеќе од 50 години - кога Панатинаикос во Куп на европски шампиони во 1971-ва година стигнал до финале против Ајакс на Јохан Кројф но изгубил 0:2.
За Олимпијакос најголемо европско достигнување беше четвртфинале на Лига на шампиони во 1999-та година кога изгубија 2-1 од Јувентус на гости, дома на реваншот водеа 1:0 но Антонио Конте го израмни резултатот и Јуве отиде во полуфинале.
Црвено-белите од Пиреја имаат и четвртфинале на Куп на Купови во 1993-та година но испаднале од Атлетико Мадрид (1:1, 3:1).
Најголемиот триумф во историјата на грчкиот спорт е освоеното Европско првенство 2004 под водство на Ото Рехагел кога сензационално се качија на врвот на Европа.
Сега исто со странски тренер, односно со искусниот Шпанец Мендилибар Олимпијакос стигна до евротрофеј. Мендилибар втор пат по ред освојува европски пехар откако лани со Севиља стигна до титула во Лига Европа и тоа исто како и сега не во основно време туку на пенали ја победија Рома.
Ова беше трето финале на Лига Конференции, трето издание. Во првото Рома го победи Феенорд во сезоната 2021/2022, во второто Вест Хем ја совлада Фиорентина во сезона 2002/2023 и сега Олимпијакос повторно Фиорентина 2023/2024.
Виолетовите од Фиренца можат многу да жалат што два пати по ред губат во големо финале и тоа два пати по ред со голови во длабоко судиско продолжение или во продолженијата пред пенали.