Фудбал

На пролет работел како електричар, сега е на праг од Лига на шампиони

Клубот Клаксвик од Фарски Острови е главна летна сензација. Поминаа две рунди во квалификации за Лига на шампиони против далеку посилни и реномирани ривали, обезбедија најмалку Лига Конференции, а главен јунак им е голманот Јонатан Јохансон.

Мистичниот Клаксвик од Фарски Острови прави чуда на патот до Лига на шампиони

Откако го урна трофејниот унгарски Ференцварош, анонимниот клуб од Фарски Острови направи нова сензација во квалификациите за ЛШ и го совлада и шведски Хакен и обезбеди најмалку пласман во групна фаза од Лига Европа!

Никој така не го изместил Робертсон како Коман од Баерн

Баерн Минхен и Ливерпул одиграа спектакуларен меч во Сингапур, како генерална проба пред почетокот на новата сезона. Баварците славеа со 4-3 иако Ливерпул два пати водеше. Дуелот изобилуваше со атрактивни потези а многу се зборува за дриблинзите на Коман за кого немаше чаре ниту врвниот лев бек Енди Робертсон.

Џиџи Буфон на 45 години и дефинитивно стави крај

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон кој има еден куп трофеи во кариерата, со интересна фраза од цртан филм соопшти дека ја завршува својата играчка кариера.

Меси ја освојува Америка - два врвни гола на Лео

На мечот меѓу Интер Мајами и Орландо (3:1) кој важи за дерби на Флорида, аргентинскиот ас постигна два прекрасни погодоци и веќе после три натпревари има пет гола и една асистенција. Лео е на сите насловни страни во спортските изданија во САД. Интер Мајами се избори за 1/8 финале на КОНКАКАФ Лига Купот каде го чека Далас.

Кавани пред крај на кариера ќе заигра за тимот од соништата

Триесет и шест годишниот Единсон Кавани потпиша со Бока Јуниорс и во новата сезона ќе го носи дресот на овој клуб за што сонувал уште одамна.

Јунак на денот од квалификации за Лига на шампиони е словенечки голман

Првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу Лудогорец и Олимпија во Разград заврши 1-1. На реваншот во Љубљана, во 90+2' минута Словенците поведуваат 2-1 со голот на ветеранот Тими Елшник. Во длабоко судиско продолжение, во 90+12' минута бугарскиот тим добива пенал.

Магија на Ансу Фати на Барса - Милан

На пријателската средба меѓу Милан и Барселона на која играа и новите засилувања на двата тима, шампионот на Шпанија на крајот славеше 1-0 со прекрасен погодок на Ансу Фати во 55' минута.

Харалампие и Анри на скијање

Леле на што налетавме. Секвенца од 489-та емисија на Бошко во која му гостува бате Ване. Неисцрпен извор за хумор е оваа комбинација во студио. Цела ја имаме изгледано.

Бугарите попија корпа и од Брегалница Делчево

Втор македонски клуб во еден ден открива дека добил понуда за купување од бугарската фондација „Македонија“. Првиот е Вардар.

Величествен пречек на Ла Бомбонера за Кавани

Тргна од родниот Уругвај (Данубио), па Италија (Палермо, Наполи), Франција (ПСЖ), Англија (Манчестер Јунајтед), Шпанија (Валенсија), ама никогаш не осетил што значи да те пречекаат навивачите на Бока Јуниорс кои имаат посебна страст за фудбал. Новата авантура ја стартува како ветеран на 36 години и тоа со легендарната 10-ка која ја има носено Марадона, а потоа и Рикелме.

Како порано изгледала тепачка на фудбал?

Многу помашки и поконкретно, нема тука глумење и пренамагање. Да се знае како оди тоа. Па уште и си подадоа рака на крај, ко ништо да не било.

Да не ја грешат нешто колегите на Бензема и Канте на тренинг?

Снимката е од тренинг на Ал Итихад, клубот каде Бензема и Канте отидоа за брдо пари, а официјално им се придружува и Фабињо од Ливерпул. Нешто не се сите усогласени.

Алегри го учи Влаховиќ како се шутира бос од корнер во гол

Алегри и Гати против Влаховиќ и Костиќ. Без старца нема ударца. И тоа не од мртов агол, туку уште поназад.

Бугарска компанија се понудила да го купи Вардар, Комити одбија

Понудата им стигнала во сандаче од извесен Виктор Стојанов кој им ја напишал точната сума на пари за 51% од акциите на клубот. Комити одговараат дека не постои простор за дискусија со луѓе што не го признаваат македонскиот идентитет.

Роналдо е во одбрано друштво на мајстори

Еден од нив е Луис Фиго од Али Експрес, кој упати удар кој не се фаќа. Како и да се намести голманот.

Онана му се сипа на Мегваер поради кикс во одбрана

Манчестер Јунајтед загуби 3:2 од Борусија Дортмунд во САД. Довчерашниот голман на Интер уште недојден, одма увиде со кого ќе треба да соработува во одбрана.

Скопјани кои навивате пасивно за Вардар погледнете како се сака Хајдук

Не треба во никој случај да влегуваме во непотребни компарации со клубови од Премиер или Бундеслига. Доволно е само да се фрли око во регионот за да сфатиме до кај сме ние и колку сме назад.

Страшна ракета на Ракитиќ и опасен слалом на Езе

Гледаме ревија на прекрасни мајстории за време на летните подготвителни натпревари. Последните два се случија на мечот Севиља - Кристал Палас кој заврши 1:1. Иван Ракитиќ па Езе. Од убав поубав.

Шаќири, немаш муда да шутираш

Двократниот европски првак Џердан Шаќири која има богата колекција од 18 клупски трофеи во кариерата, како член на Чикаго застана да му шутира пенал на голманот на Минесота. Се мести да му ја искине мрежата, а овој се обидува да го спречи со евтина маалска провокација „You have no balls”.

Нов меч, нова мајсторија на Бензема

Со оваа форма која ја држи и на 35 години, привилегија е да се има играч во тим како Карим Бензема. Погледне ја оваа снаодливост во шеснаесетник и чувство за гол, вреден победа за Ал Итихад против Сфаксиен од Тунис во арапскиот Куп.

Непотребно селфи видео со Гигс

Следен пат пробај го истово со Ибра, Гатузо или Величе.