Ако патот некогаш ве носи во Бергамо, свратете кај Џулијана

Тетка Џулијана држи ресторан Траторија д’Амброзија или попознат како „Кај Џулијана“. Таа е страствена навивачка на Аталанта, а локалот ѝ е делумно посветен на новиот европски првак во Лига Европа, гордоста на градот. Кај неа на убави италијански домашни специјалитети редовно доаѓале фудбалерите и тренерите на Аталанта.

Тетка Џулијана вели дека многу познати сегашни и поранешни фудбалери и се редовни гости. Пипо Инзаги, двократниот европски шампион со Милан и долгогодишен италијански репрезентативец на времето играл за Аталанта во ’90-те години.

„И ден-денес, кога е во Бергамо, Пипо секогаш проаѓа да ме поздрави. Имаме прекрасен однос. А во таа сезона (кога играл за Аталанта) секогаш бираше порција шпагети и тирамису, а постигна 24 гола. На клупа беше тренерот Емилијано Мондонико, личност која засекогаш ќе ја носам во срцето“, вели во едно од многуте интервјуа Џулијана.

Таа имала и супер однос со легендарниот тренер на Кјеви Џиџи Дел Нери како и со некогашниот фудбалер на Јувентус Масимо Карера.

Актуелниот тренер Џанпјеро Гасперини кој на клубот му го донесе првиот трофеј после цели 65 години, редовно доаѓал на ручек или вечера во ресторанот.

„Ја води Аталанта од 2016-та, Гасперини веќе влезе во срцето на сите Бергамаши, па во септември 2019-та доби признание за почесен граѓанин. Немам зборови колку добро играме во последните години. Никогаш не е видена подобра Аталанта, спремна да игра со кого било“.

За натпреварите во Лига на шампиони и Лига Европа кои станаа редовен декор од некогашниот второлигаш и третолигаш, тетка Џулијана вели:

„Одам на сите домашни натпревари и кога можам, ја пратам екипата и на гостувања“.

Со фамозниот водач на ултрасите од Бергамо, Клаудио Галимберти:

24 мај 2024 - 19:31