После 12 години, 428 настапи и 170 голови, Марко Ројс се збогува од Борусија Дортмунд, а последниот танц ќе го има во финалето од ЛШ против Реал Мадрид на 1 јуни на Вембли. Ќе остане незаборавен лик за секој навивач на Борусија. Ова е само еден ситен процент од тоа што го има направено за клубот.