Борусија Дортмунд во последното коло од сезоната во Бундеслигата го совлада Дармштад со 4:0, натпревар кој мина во знакот на Марко Ројс.
Не можеше да се поздрави со навивачите на поубав начин од овој. Прво постигна голчиште од слободен удар, а потоа во барот на трибината остави порака до навивачите:
„Благодарен сум за сè. Збогум, пивото е од мене. Засекогаш ваш Марко“.
На апаратите за пиво пишуваше „Ројс чести“, а математиките велат дека на славната трибина „Жолт ѕид“ имало 24.545 навивачи. Ако сите нарачале по едно пиво кое чини 4.90 евра, тогаш Ројс потрошил 120.000 евра.
Marco Reus treats the entire Südtribüne to free beer! Reus: "Thanks for everything! The farewell beer is on me :-) Yours, Marco."
— ari (@aritrabvb1909) May 18, 2024
Reus: "The action had been planned for a while. Carsten Cramer did a great job implementing it."
Reus is paying the bill himself. The free beer is… pic.twitter.com/neO5CfwZr6
Марко Ројс заминува како легенда на Борусија Дортмунд во која се калеше како дете 10 години, а потоа за прв тим играше 12 години.
Запиша 428 настапи и постигна 170 голови. Два пати го освои Купот на Германија и три пати Супер Купот, а од 2018-та е капитен.
Тој е дел од тимот кој предводен од Клоп се пласираше во финалето на ЛШ 2013-та, а на 1 јуни на Вембли ќе има втора шанса за овој трофеј кој би бил круна на кариерата.
34 годишниот Ројс имаше величестено испраќање од навивачите, а по завршување на мечот се качи на трибина. Соиграчите го испратија со шпалир.