Некогашниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, цела полусезона патеше поради бледите резултати на црвените, но на крај ги дочека своите пет минути. Откако Ливерпул со 7-0 го прегази Ман. Јунајтед и му го нанесе најтешкиот пораз во историјата, Џејми прво го шина од зафркавање неговиот најдобар другар и колега Гери Невил кој беше капитен на Јунајтед, а сега и легендарниот голман на Манчестер, Данецот Питер Шмајхел.