Каква недела за Џејми Карагер, го искина и Шмајхел

Некогашниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, цела полусезона патеше поради бледите резултати на црвените, но на крај ги дочека своите пет минути. Откако Ливерпул со 7-0 го прегази Ман. Јунајтед и му го нанесе најтешкиот пораз во историјата, Џејми прво го шина од зафркавање неговиот најдобар другар и колега Гери Невил кој беше капитен на Јунајтед, а сега и легендарниот голман на Манчестер, Данецот Питер Шмајхел.

Треба да му се оддаде признание и на Шмајхел за брзата реакција кој во еден момент се снајде па одговори: „А што ви бегаме 7 бода на табела“?

Еве за време на историскиот меч што му правеше на Невил кој дремеше како покиснат:

8 март 2023 - 08:49