Челси со повторен пенал го скроти Дортмунд, Бенфика го растури Бриж

После минималниот пораз 1-0 во Германија на првиот меч, вечерва Челси на својот „Стемфорд Бриџ“ успеа да ја надомести негативата и со триумф од 2:0 да се пласира во четвртфинале од Лига на шампиони. Бенфика го петардираше Клуб Бриж.

Лига на шампиони, 1/8 финале, резултати:

ЧЕЛСИ - БОРУСИЈА ДОРТУМД 2:0 (1:0)
/Стерлинг 43', Кај Хаверц 53' пен.)

После очајните резултати во вториов дел од сезоната, по Мундијалот, фудбалерите на Челси конечно ги израдуваа своите навивачи и триумфираа во важниот реванш со Дортмунд.

Гостите од Германија не можеа да сметаат на важните првотимци Грегор Кобел и Карим Адејеми, а Јулијан Бранд се повреди буквално во четвртата минута од мечот и мораше да излезе од игра.

Овој момент како да ги дефокусираше гостите па Челси наметна свој ритам и бараше шанса за гол, иако Дортмунд ја имаше најголемата прилика во 18' минута кога Марко Ројс погоди статива од слободен удар.

Хаверц десет минути подоцна ја погоди пречката па постигна убав гол кој му беше поништен поради офсајд на Рахим Стерлинг. И токму англискиот репрезентативец го отвори резултатот во 44' минута по центаршутот на одличниот Жоао Феликс.

На стартот на вториот дел Бен Чилвел центрираше по леватра страна а топката го погоди Волф во рака, па судијата Макели по проверка на ВАР досуди пенал.

Хаверц шутираше и погоди статива но на негова среќа судијата го повтори пеналот зошто наводно голманот на Борусија излегол од линијата пред време.

Германскиот репрезентативец одново презеде одговорност и шутираше пак во истиот агол, овојпат прецизно и ги постави конечните 2:0 кои Челси ги одбрани до крај и се пласираше во следна рунда.

БЕНФИКА УБЕДЛИВА НА СВОЈ ТЕРЕН

БЕНФИКА - КЛУБ БРИЖ 5:1 (2:0 првиот меч)
/Рафа 38', Рамош 45+2', 57', Марио 71', Нерес 78' - Меијер 87'/

По триумфот од 2-0 на првиот меч во Белгија, Бенфика и на реваншот на свој стадион покажа дека е далеку поквалитетен тим од Клуб Бриж. „Орлите“ од „Луж“ овојпат славеа со високи 5-1 и со вкупни 7:1 одат во четвртфинале.

Два гола постигна младата португалска ѕвезда Рамош кој блесна и на Светско првенство лани.

7 март 2023 - 23:14