Зошто сите голмани во Шпанија викендов бранеа во црни дресови?

Изминатото коло во шпанска Ла Лига сите чувари на мрежи излегоа во темно црни дресови, во чест на 80-годишниот легендарен голман на Атлетик Билбао Хозе Анхел Ирибар. Тој во текот на цела кариера бранел на преку 600 натпревари и на сите од прв до последен бранел во црн дрес, без исклучок.

Хозе Анхел Ирибар бранел 18 сезони и запишал 614 настапи за Атлетик Билбао а во чест на неговиот 80-ти роденден Ла Лига организирала сите голмани да носат црн дрес кој потсеќал на неговиот.

Ирибар го чувал голот на баскиската гордост од 1962-ра година, период на владеење на режимот на Франко во Шпанија.

Со Атлетик Билбао освоил шпански Куп и три пати завршувал на второ место во Ла Лига. Освоил и Европско првенство 1964-та со Шпанија која подоцна чекаше на европско злато дури до 2008-ма. Во сезоната 1969/1970 Хозе Анхел Ирибар ја добил наградата „Рикардо Замора“ за најдобар голман во Шпанија.

Голманот на Челси кој направи рекорден историски трансфер од Атлетик Билбао и стана најскап голман на светот, Кепа Аризабалага пред мечот со Лидс Јунајтед во Премиер лига минатиот викенд излегол во црн дрес во чест на Ирибар: 

 

7 март 2023 - 09:23