Фудбал

Џокерот на Гатузо се вика Александар Трајковски

Две кола, два гола на македонските претставници во Хрватска. Стефан Ристовски со гол во 95-та минута му донесе триумф на Динамо Загреб на гостувањето против Осијек. Александар Трајковски влезе во 58-ма минута за Хајдук и постигна гол во 81-ва против Локомотива Загреб на гости, која успеа да израмни дури во 99-та минута од пенал.

Емотивна разделба на Миовски со навивачите на Абердин

Бојан Миовски врти нова страница во кариерата која се вика Ла Лига. Згора нa сè, ќе игра и во Лига на шампиони.

Јуначки гол на Ристовски во 95-та минута за победа на Динамо Загреб

Олимпијадата заврши, ама затоа почнаа фудбалите. Динамо Загреб веќе има 2 од 2, а синоќа славеше на гостувањето против Осијек со гол на поранешниот капитен на Македонија во 95-та минута за конечни 1:2.

Шпанија по европска, освои и олимписка титула!

Олимписката фудбалска репрезентација на Шпанија е нов олимписки шампион откако вечерва во Париз пред преполн стадион ја совлада домашната Франција 5:3 после продолженија (во регуларниот дел беше 3:3).

Нека го врзат ако не знае како треба

 За време на првиот меч од квалификациите за Конференциска Лига меѓу Хајдук и Ружомберок кој заврши без голови, Гатузо бил бесен и во еден момент го рогнал фрижидерот пред нивната клупа. Сите што седеа таму се преплашија.

Тренерот на Арсенал викнал џепароши и крадци на вечера со фудбалерите

Шпанскиот тренер Микел Артета решил да го тестира фокусот и вниманието на своите фудбалери. За време на една тимска вечера, тој најмил луѓе кои „професионално“ ќе ги одработат вредните работи на играчите. На крај кога им соопштиле што се случило, „крадците“ истресле вредни часовници, скапоцени телефони, луксузни и полни новчаници. „Е ова беше за да проверам колку сте внимателни на секој потег“, им рекол Артета на шокираните фудбалери.

Сув лист на колото

Фенербахче со многу голем ентузијазам го доведе Жозе Мурињо за нов тренер на екипата. Турскиот гигант сака да влезе во Лига на шампиони а на патот до таму прва препрека му е француски Лил. На првиот меч од квалификациите Лил славеше 2-1 со гол во 90+1’ минута. Претходно Ирфан Кавечи постигна преубав гол од слободен удар. Го прослави во стилот на турскиот медалист од Олимписките Игри стрелачот Јусуф Дикеч.

Голманот Огнен Чанчаревиќ со еврогол на летото

И покрај тоа што грчки АЕК како голем фаворит влезе во дуелот со ерменска Ноа која во 1. коло на два пати ја совлада тетовска Шкендија, Ерменците направија голема сензација и славеа убедливо 3-1. Голманот Огњен Чанчаревиќ постигна прекрасен погодок од свој гол, а домашните дури во 90+7’ минута постигнаа и трет гол за помирно гостување во Атина следната недела.

Во Шкотска ечи песна за Кристијан Трапановски

Македонската инвазија во шкотскиот фудбал зема замав. Минатата сезона Бојан Миовски беше прогласен за играч на сезоната во Абердин, а се најде и во тимот на сезоната на шкотската Премиер лига. Уште не почната новата сезона, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски се веќе хит во Данди Јунајтед. Првиот има 4 гола на 5 настапи од кои 3 во Куп и деби гол во првенство со кој се најде во тимот на неделата, а вториот е назначен за капитен и на 4 меча има 2 гола. Навивачите еуфорично пејат за Трапановски, кој летово пристигна од Шкупи.

Тихо ја урна Легија среде Варшава и создаде делириум во соблекувална

Во некои земји новата фудбалска сезона тече, а победите се слават на големо благодарение на наши репрезентативци.

Е не си добар со паметот

Големи се шансите прашањето за наградата за гол на годината да е завршено, уште пред да почне сезоната. ФИФА нека го меморира Валтер Боу во кандидатурата за Пушкаш. Па згора на сè, ремек делото го режираше во 90-та за победа на Ланус против Тигре од 3:2 во аргентинската прва лига. Ова треба да се урами.

Прием на Вирц за медал

Каде е и што прави шампионот на Германија кој одигра сезона за аналите без пораз во првенство? Се спрема за ново финале и за тоа за скоро. После Бундеслигата и Купот, на 17 август ќе го напаѓа трофејот и во Супер Купот против Штутгарт, а на 23-ти ја стартува новата сезона. Дами и господа, Флориан Вирц има нешто да ви покаже.

Ваков катапулт од место Роберто Карлос нема испукано

Да ја разбиеме Олимпијадава со една фудбалска велелепна соло мајсторија. Се работи за Куп натпревар во САД на кој Колумбиец по име Нелсон Паласио, испука страшен топ и тоа без залет.

Ќе има ли јунаци што ќе го спречат ваквиот Реал Мадрид?

Го донесоа Мбапе, ама пристигна и Ендрик, голем бразилски талент, договорен во 2022-ра од Палмеирас за ова лето, со цел да стане полнолетен. Добро, кој попрво ќе игра тука?

Средба на Пеп и Ибра после 14 години

Едвај се прегрнаа, прекусо разговараа, Златан имаше резервирана насмевка, која кај Пеп едвај и се забележуваше. Инаку на ист терен се поради пријателска меѓу Милан и Манчестер Сити во Њујорк, а односот им е таков поради времињата во Барселона, кога имаа недоразбирата по кои Златан ја грееше клупата.

Бомбастичен деби гол на 16 годишник од Ривер кој е на радар на Реал

На европскиот фудбал му се надѕира нова ѕвезда која постојат шанси да заигра на Бернабеу. Се вика Франко Мастантуоно, има само 16 години, а деби голот во аргентиското првенство е сон за милиони деца на негова возраст. Од слободен удар, во 87-ма минута, за победа на Риверт Плејт над Сармиенто од 1:0. Мартин Демикелис го прослави со солзи. Ова му е последен меч на кормилото на Ривер.

Истиов лик ја елиминираше во ЛШ Барса со Меси

Тоа беше сезоната 2017/2018, кога целосно неочекувано и шокантно за навивачите на Барселона, Рома успеа да ги мине во четвртфинале после пораз на Камп Ноу од 4:1. Голот за 3:0 вреден полуфинале за Рома го постигна Костас Манолас. Да видиме како тера летово.

Се најде јунак кој го имитира Мамиќ

Се работи за тиктокер по име Мамињо кој се среќава со вистинскиот Мамињо и го кине оригинал во тоа гласот, ама оригинал.

Уникатна сторија за тимот од пабот формиран на пијано

Имаат име, ама сакаат да бидат запаметени како The 'pub team'. Нестварни се фактите за ова чудо. Постојат 11 години, стартувале со влог од 500 фунти, а веќе играат во Европа и тоа го минале првото коло.

Кој би рекол дека во Индонезија има вакво пиротехничко шоу?

Бакљадата е секогаш успешен рецепт за спектакл на стадион. Уште од порано потсеќа на навивачите на Вардар, Милан и ред други клубови. Ама тие ја практикуваат на една трибина, а овие цел стадион го запалија.

После оваа голманска проценка, за собирач на топки нема да те примат

Стручниот штаб на Гранада со време да седне и да разговара со голманот Марк Мартинез. Прво ова не е селска лига, туку Ла Лига и второ, следен месец стартува новата сезона. Одиграа пријателска против Лас Палмас која заврши 1:1. За прволигашки голман во Шпанија ова се срамотилаци.

Дриблинг од соништата на новиот голман на Свонси

Се вика Лоренс Вигуру, има 30 години и веќе почна да импресионира на гол, уште пред да почне сезоната.

Новиот дом на Рома за 2027-ма изгледа импресивно

Извршниот директор на Рома, Лина Солуку го претставни новиот голем проект на клубот, а тоа е нов стадион со футуристички дизајн, со капацитет од 55 до 62 илјади седишта. кој го планираат за 2027 година.

Спировски за Струга го има голот на колото во Конференциска лига

По елиминацијата од Слован Братислава во квалификациите за ЛШ, Струга Трим Лул продолжи во квалификациите од КЛ каде на првиот меч го совлада Пјуник од Ерменија со 2:1. Стефан Спировски кој одигра 55 меча за Македонија, ја опали ептен поштено и стави точка на мечот.