Фудбал

Олимписки циркуз во Париз, ВАР и поништи гол на Аргентина после 2 часа

Аргентина израмни на 2:2 и избегна пораз во 106 минута против Мароко на првиот фудбалскиот натпревар на Олимписките игри. На ваква објава налетавме во некои наши портали, ама баталете ја, бидејќи не е точна поради најзадоцнетата ВАР реакција во историјата.

Емотивна разделба на Начо со Реал Мадрид

Бекот на Реал Мадрид заплака кога му пуштија видео од најубавите моменти и успеси со клубот на кој му беше верен од 10 годишна возраст.

Фудбалер на Партизан доби бесплатен украински рингишпил

Партизан загуби 6:2 од Динамо Киев во 2. квалификациско коло за ЛШ и се соочи со највисокиот меѓународен пораз во последните 40 години. Кутриов и денес има вртоглавици.

Стефан Ристовски еднаш вардарец, засекогаш вардарец

Во најтешките моменти, кога многумина го забораваа, Рики беше тука за Вардар и помагаше. Прво што направија црвено црните кога пристигнаа на Максимир е подарок за Рики, се разбира дрес од Вардар.

Џеко му го разубави дебито на Мурињо со хет-трик

Во второто квалификациско коло од ЛШ синоќа се одиграа 11 средби. Најефикасни беа: Динамо Киев - Партизан 6:2 и Лугано - Фенербахче 3:4. Мурињо славеше во негов стил.

Нова голеада на Македонците во Шкотска, овој пат со три гола на еден меч

Како што се зголеми македонската колонија во Шкотска, така паѓаат и повеќе голови. Па тек уште Бојан кога ќе пристисне гас.

Го имаме голот на сезоната во женска конкуренција

Запознајте ја Нина Матејиќ ала Роналдо да Лима или Меси, како сакате. Има 19 години, игра за Црвена Ѕвезда, а на младинското Европско првенство изведе ремек дело за селекцијата на Србија против Англија. 

Графичкиот дизајнер на Феенорд се надмина себе си

Феенорд има ново лого. Мајсторот што го смислил им е врвен, а разликата е очигледна.

Што е со офсајд линијата во Венецуела?

На фудбалот дефинитивно му треба ВАР за да го проверува веќе постоечкиот ВАР. Но во Венецуела имаа други маки. Таму нема ВАР технологија, а во второто коло од првата лига се случи линијата да е во офсајд.

Лудило во Сплит за Иван Ракитиќ

Иван Ракитиќ и официјално е нов играч на Хајдук и веројатно наславната и најтрофејна ѕвезда која ќе заигра на Пољуд.

Заслужи малиот

На 16 години и даде еврогол на Франција во полуфинале и направи четири асистенции на ЕП. Ден пред финалето наполни 17 години, стана Европски првак и беше прогласен за најдобар млад играч на првенството. Заслужениот одмор Ламин Јамал го тера во Грција.

Старо, ама добро

Мануел Ноер знае многу добро каде е забавата на лето. Остај друго, него и спремен е дечкото за хрватска песна. Не бе, овој не е Германец.

Еврогол на кариерата за Давид Бабунски

Повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски имаше деби за шкотски Данди Јунајтед какво што секој ги посакал. Со страшно голчиште од слободен удар, речиси од корнер и од мртов агол, во стилот на најголемите мајстори од прекин. Голот го постигна во 17-та минута, а Данди славеше 2:1 проти Еар во 3. коло од Лига Купот.

Успесите на човекот кој ја промени фудбалската историја во Аргентина

Беше назначен за селектор на Аргентина во ноември 2018-та, одлука која беше критикувана и од Марадона со образложение дека нема искуство. Што е за право, бидејќи претходно никаде не работеше како тренер. Ама Марадона не дочека да види и да се израдува. 46 годишниот Лионел Скалони ги доживеа и ги оствари следниве тешко повторливи успеси.

Еден од најлудите коментатори, ако не и најлуд

Натпреварот е квалификациски за Светско помеѓу Холандија и Англија, стрелец е Роналд Куман, а коментаторот е шкотски. Ова ви е сосема доволен вовед за читање. Преоѓаме на гледање и пред сè слушање.

Најдобрите фотографии од ЕП 2024 направени од наградувани фоторепортери

Како назначена фото агенција за Европското во Германија, тимот на „Getty Images“ со повеќе од 50 наградувани фоторепортери имала единствен пристап на терен и зад сцената. За време на првенството направиле 250.000 фотки од кои 20.000 биле од финалето. Оние од првиот гол во финалето биле објавени во рок од 46 секунди.

А од општината домати за шампионите на Европско од Шпанија

Ветено-сторено. Како што веќе бидна традиција, родниот град на тројца шпански репрезентативци кои се закитија со златен медал на Еуро 2024, Лос Паласиос и Виљафранка, реши да им организира свечен прием.

Знам дека брзаме, ама и навивачите се важни

Холанѓанецот Тијани Нослин кој премина од Верона во Лацио, уште на старт покажа респект кон навивачите и покрај тоа што шоферот го напнуваше дека мора да тргнат. Фудбалот се игра за навивачите. Го знае тој тоа. Аплаузи доби за гестот.

Ја одам во напад, не можам веќе на гол, настинав

Се вика Матија Орбаниќ, брани за словенечниот клуб по име Браво и има попримено од Мануел Ноер. Се работи за прво квалификациско коло од ЛЕ против Конас Ки Номадс од Велс. Го елиминираа аутсајдерот едвај, со голови во 88-ма и 115-та минута, а во моментите кога голманот на Браво тргна да напаѓа имаа негатива од 1:0, па изгледа се исплаши од срамна елиминација.

Фантастичната парада на Шишковски во ЛШ

Борац Бања Лука го елиминираше на пенали албанскиот клуб Егнатија во првото коло од квалификациите за Лига на шампиони. Босанскиот тим славеше 4:1, а македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски два пати одбрани во пенал серијата, откако првиот пат излезе порано од гол линијата, па ударот мораше да се повторува. Во второ коло ги чека сериозен противник, а тоа е ПАОК.

Моќна промоција на новиот дрес на Барса со Роналдињо, Иниеста и Пујол

Инспириран од наследството, патеката и корените на клубот, Најк произведе дрес за новата сезона на Барселона во ретро верзија, кој потсетува на оној од 2006/2007. Под грбот стои логото на најголемиот спонзор на клубот „Spotify“. Во уникатното видео се појавуваат три ѕверки.

Јунакот на Шпанија пречекан во свое маало на незгодно место

Дваесет и седум годишниот центарфор на Шпанија, Микел Ојарзабал е херојот кој им донесе Европско првенство со гол во големото финале против Англија за 2-1 во 86’ минута. После неколку дена, го пречекале во неговото маало во градот Еибар. Овој град важи за база на баскисите националисти кои тежнеат за независност од Шпанија. Овој гест го поздрави голем дел од шпанската јавност и момците кои го пречекале Ојарзабал со бакљи и парола: „Честитки“ пред самиот штаб на политичката партија Билду ги величаат по друштвените мрежи. Сензитивни теми во баскискиот регион каде некои рекле и како не навивале за Шпанија.

Голови на Еуро 2024 со домашни коментатори кои паѓаа во еуфорија

Доживувањето е поголемо кога паѓа гол на Европско а коментаторот е од земјата која постигнала погодок. Урлаа, викаа, плачеа, скокаа...