Анализата на германската компанија Stadionwelt покажува дека од сите европски клубови кои играат на стадиони со капацитет од над 50.000 гледачи, само Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ги продаваат сите влезници за секој натпревар оваа сезона.
Прославениот шкотски клуб кој оваа година заради банкрот беше исфрлен во најнизок ранг, постави нов рекорд со 49.463 гледачи на натпревар од 4-та лига.
Фудбалерот на Наполи, Гокан Инлер за време на натпреварот кој неговиот тим го загуби од Јувентус со 2:0, во намера да изнуди прекршок изведе неверојатен актобатски потег.
Барселона прими четири голови но сепак победи. Депортиво Ла Коруња и Барселона одиграа луд натпревар до девет голови, а на крајот Каталонците славеа со 4:5. На првите четири натпревари од осмото коло на шпанската Примера беа постигнати 19 голови!
Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.
Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа во негатива, но на крајот извојуваа победи. Во 8-то коло од англиската Премиер лига победи забележаа и Ливерпул, Фулам, Свонси и Вест Хем, а Арсенал загуби на гостувањето кај Норич.
Поранешниот репрезентативец на Англија и член на Ливерпул, ВБА и Виган кој во моментов брани за Шефилд Венздеј, голманот Крис Киркленд беше нокаутиран од гостински навивач на Лидс.
Оваа година World Soccer магазинот по 30-ти јубилеен пат ќе ги додели најстарите фудбалски награди за најдобриот играч, тренер и тим за 2012-та година, а денес тие ги објавија номинираните во сите категории.
Фолирантот повторно го направи тоа што го знае најдобро. Освен за давање голови, тој е и мајстор за глумење фаули. Капитенот на Уругвај си изнуди позиција за слободен удар и постигна гол, но неговата репрезентација загуби на гостувањето кај Боливија со 4:1.
Реал Мадрид и Жозе Мурињо продолжуваат со притисокот пред доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот. Според португалскиот стратег, ако Меси повторно ја добие Златната Топка, тоа ќе биде криминал.
Откако Англичаните ги обвинија српските навивачи за расизам, Фудбалскиот сојуз на Србија на својот Јутјуб канал објави видео со наслов „Кого лаже Дени Роуз?" со што тие негираат дека младиот фудбалер бил жртва на расистички испади.
Според истражувањето на БиБиСи во кое се анализирани цените на 166 стадиони низ цела Велика Британија, за да посетите фудбалски натпревар на Арсенал ќе треба да издвоите пола македонска просечна плата.
Италијанскиот суд им нареди на 14 луѓе вклучени во скандалот со наместени натпревари од 2006-та година да и платат на Фудбалската федерација на Италија казна од четири милиони евра.
Да се соберат заедно Мурињо, Гвардиола, Фергусон и Венгер, сигурно нема да можат да измислат ваква тактика. Секоја чест за тренерот на овој младински тим од Латвија. Штета што судијата им ја прекина оваа прекрасна акција досудувајќи фаул во напад.
Ако Чеде Јаневски сака да си направи проблем со капитените во македонската репрезентација, треба да се обрати за совет кај Капело. Италијанскиот стратег отсекогаш имал проблеми со капитените на националните тимови кои ги предводи. Прво беше Тери, потоа Аршавин, а сега Денисов.
Победата на Македонија над Србија беше причина за огромно незадоволство кај навивачите, но и причина за голем сеир на сметка на нивните фудбалери и селекторот Михајловиќ.
Не е ништо невообичаено некој да има голема желба да се слика со познат фудбалер. Но невообичаено е ако си судија на квалификациски натпревар за Светско првенство и на полувремето да го замолиш Лионел Меси за една фотка.
Икер Касиљас продолжува да руши рекорди. Неговата мрежа не се тресеше девет натпревари, но Оливие Жиру со погодок во 94-та минута ја прекина рекордната серија на Касиљас на 820 минути без примен гол. Ова се бројките зад името на Икер Касиљас.
Без Горан Пандев и без уморните, повредени, казнети и недисциплинирани фудбалери, но со борбени и мотивирани играчи со желба за победа, македонската фудбалска репрезентација го оствари првиот триумф во квалификациите за СП 2014.