Во италијанското првенство Јувентус, Милан, Интер, Лацио, Рома, Парма и Фиорентина ги нарекуваат „Седумте сестри". Тоа сигурно повеќе важело за минатото кога биле поблиску по квалитет.
Навивачите на Сити или Јунајтед ќе поминат поевтино ако се качат на авион и одат во Германија за да изгледаат натпревар на Вердер Бремен, а влезница за натпревар на Борусија Дортмунд е поевтина од на англиски третолигаш.
Од лактот на Тасоти во носот на Луис Енрике во четвртфиналето од Мундијалот во САД 1994 за кој заработи 8 меча суспензија, па се до дебаклот на Италија во финалето на минатото европско поминаа две децении. Вечерашната пресметка помеѓу големите фудбалски сили ќе биде 10-та во поновата историја.
Фудбалерите кои глумат повреди и лежат на теренот им одат на нерви на сите, но ова не е еден од начините за справување со нив. Оваа лекција ја научи еден фудбалер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа.
Бразилската сензација Нејмар реди импресивни настапи на Купот на конфедерациите, но од натпреварот против Уругвај ќе остане запаметен по еден нефудбалски потег.
Бразилците се први финалисти на Купот на конфедерациите откако во Бело Хоризонте неубедливите домаќини со големи маки го совладаа Уругвај со 2:1 во јужноамериканското дерби.
Немаме намера да го троламе младото талентирано момче од Шпанија кое пред неколку дена стигна до европската титула со селекцијата до 21 година, а ниту да му оспориме неговите квалитети. Но очигледно е дека управата на Малага не се разбира во некои работи.
„Топџиите" како прв премиерлигашки клуб кој го посетил Виетнам направиле грешка во промотивното видео при што ги возменириле во Фудбалската федерација на оваа земја.
Клубот кој постои само две децении и за кој почна да се пишува поради Самуел Ето е дел од не баш прочуената руска република Дагестан во која владее сиромаштија и каде се пука. Рускиот милијардер се расфрла со пари во земја каде просечната месечна плата е 183 евра.
Веќе кога 20 години мака мачиме со мизерниот домашен фудбал, предлагаме натпреварите од македонската да се играат на овој начин со што ќе добиеме поатрактивно првенство и полни стадиони.
Демонстрациите во Бразил се доказ дека организацијата на првенство е преголем товар за една држава, па УЕФА ја советуваше ФИФА да го следи нивниот пример со ЕУРО 2020 и да ги организира Светските првенства во повеќе земји.
Најдобриот фудбалер на светот иако периодов ќе мора да се соочи со судски процес поради неплаќање данок во Шпанија, сепак најде време да замине во Африка во хумана акција.
Поругалија и Јужна Кореја одиграа интересен натпревар кој заврши со 2:2 на Светското првенство за фудбалери до 20 години, а во центарот на вниманието беше Риу Сеунг-Ву со овој прекрасен погодок.
Името Моџи повторно поврзано со скандал. Овој пат големиата афера во италијанскиот фудбал заради која полицијата направи рација во 41 италијански клуб е поврзан со Алесандро Моџи, синот на поранешниот прв човек на Јувентус.
Уефа ја држи македонската спортска јавност во неизвеснот. На вчерашната ждрепка во Нион, македонскиот фудбалски шампион Вардар за противник во второто квалификациско коло од ЛШ го доби шампионот на Романија, Стеауа Букурешт, а истиот ден ромаските медиуми објавија Европската куќа на фудбалот ќе го суспендира тимот каде што настапува нашиот Даниел Георгиевски.
Европскиот шампион вчера и официјално го претстави Пеп Гвардиола кој ќе го наследи Јуп Хејнкес на кормилото на Баерн Минхен. Тој пред себе има огромен предизвик со фудбалерите кои изминатава сезона ја завршија со тројна круна. Новата ера на Баварците ја анализира менторот на Гвардиола, Мануел Лило.
52 годишниот Американец, Скот Вон Хејт кој му го сруши сонот на најголемиот авантурист Ричард Свонсон кој со дриблање сакаше да патува една година за да го гледа Мундијалот во Бразил ќе му се суди за убиство.
Финалната пресметка на турнир помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Барселона од младинските категории по регуларните 0:0 мораше да се одлучи на пенали. 14 годишниот Инаки Пена е дефинитивно јунак на мечот со дури 6 одбрани во пенал рулетот. Уште пофасцинантно е што беше и стрелец на последниот гол, а потоа му го одбрани шутот на голманот на Атлетико.
Профитот на англиските клубови се однесува за период од 5 години, а тоа е и показател колку врвни играчи биле продадени од островот. Секако во оваа енормно голема заработувачка се наоѓа рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо во Кралскиот тим.
Ривалството во фудбалот понекогаш знае да донесе чудни и непишани правила кои мора да се почитуваат. Во непријатна ситуација се нашле градежниците кои го градат новиот тренинг центар на Манчестер Сити, затоа што наместо сини, тие носеле дресови на „Црвените Ѓаволи".
Често пати гледаме како тренерите добиваат црвени картони и потоа натпреварите ги гледаат од трибините, но тоа се случува кога ќе претераат со приговор. Роландо Чилаверт од Перу се вмеша онаку каде што не му е местото, на теренот.
НБА ѕвездата на Далас Маверикс и голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер организаираа хуманитарен натпревар. Дирк Новицки јасно е дека не знае да одглуми пенал во фудбал, па судијата најверојатно му го подари чисто поради забава.
Актуелниот македонски шампион по денешната ждрепка во Нион ќе треба да се соочи со можеби најтешкиот противник во второто коло од квалификациите во најсилното клупско европско натпреварување.
Примија 24 гола на три меча. Нивните противници рушеа рекорди против нив. Се радуваа на единствениот погодок против Нигерија како да обезбедија финале, но и покрај се си заминуваат задоволни затоа што нивната победа е освојувањето на срцата на сите љубители на фудбалот.