Свонсон планираше со специјална топка која не се дише да дрибла од Сиетл до Сао Паоло, да поминае 16.000 километри низ 11 земји и да стигне навреме на Светското фудбалско првенство идното лето во Бразил.
Епската авантура на 42 годишниот Американец кој е вљубеник во трчањето и фудбалот за жал заврши по само 2 недели, откако полицијата соопшти дека бил удрен од камион. Во моментот кога го пронашла полицијата тој се уште бил жив, но по само неколку часа починал во болница.
Возачот на камионот, Скот Вон Хејт кој деновиве е уапсен и приведен, најпрвин се ослободил со кауција од 50.000 долари, но сега ја очекува казната затвор која ќе му се суди за убиство.
Инаку Ричард Свонсон, татко на две деца останал без работа и немал доволно пари за да ги гледа во живо натпреварите од неговиот омилен спорт, па решил да си го исполни сонот одејќи пеш една година.
Пред 5 години почнал почесто да игра фудбал и бил голем фан на Сиетл. Неговите пријатели изјавиле дека Свонсон сакал многу да истражува, а плановите му биле да започне нова кариера како графички дизајнер.