Уште еден старт за во затвор. За разлика од Шимуниќ, Бен Сигмунд од Нов Зеланд го прегази фудбалерот на Обединетите Арапски Емирати со две нозе на пријателски натпревар во Саудиска Арабија.
Го имаме најсериозниот кандидат за наградата „автогол на годината“. Овој неверојатно глупав автогол беше постигнат на натпревар одигран во склоп на Националните игри на Кина.
Илјадници шкотски навивачи познати како Тартан армија повторно ќе пристигнат во Македонија. Најдобрите гостински навивачи кои некогаш биле во нашата земја освен што навиваат, во Македонија ќе организираат и добротворна акција.
Како што и се очекуваше, Србија и Хрватска одиграа напнат и тензичен натпревар кој заврши со резултатот 1:1, а истиот резултат беше и според бројот на црвени картони. А црвениот картон е најмалку што Јосип Шимуниќ можеше да го добие за овој старт над Сулејмани.
Македонската фудбалска репрезентација конечно стигна до втор триумф на квалификациите за Мундијалот во Бразил. Со головите на Иван Тричковски и Александар Трајковски избраниците на Чедомир Јаневски триумфираа со 2:1 и направија важен исчекор во борбата за третото место.
Компанијата Гугл која го прославува својот 15 роденден, насловната страна му ја посвети со цртеж на легендарниот Бразилец Леодинас Да Силва кој пред 70 години со акробативен начин ги изненади љубителите на фудбалот.
Репрезентацијата на Македонија за до 21 година остана без тројца играчи заради повреди, но проблемот е што повредите кај некои од нив важат само за репрезентацијата додека деновиве тие редовно настапуваа за клубовите.
На чело со најскапиот фудбалер на денешницата кој пред само неколку дена го засили „Кралскиот клуб", селекцијата на Велс вечерва од 19 часот ни гостува на арената „Филип Втори" во рамките на квалификациите за Мундијалот кои одамна се за нас завршени.
Бразилецот Хјури имаше деби од соништата за екипата на Ботафого со два погодоци против Коритиба, а при постигнувањето на вториот гол, тој направи вистински дар-мар низ противничката одбана.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул кој во моментов настапува во турскиот клуб Касимпаша, Рајан Бабел на својот Инстаграм профил објави фотографија од погледот на Истанбул од неговиот апартман.
Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито го обвини агентот на турскиот напаѓач Јилмаз за пропаѓањето на трансферот со образложение дека го уценил со 2 милиони евра. Случајот го пријавил кај првиот човек на УЕФА, а навивачите се подготвуваат за протести поради лошата трансфер политика на клубот.
Селекторот на нашиот национален фудбалски тим нема две тактики во случај Велшаните да настапат со или без човекот за кој Реал плати 100 милиони евра, но изјави дека многу е важно да не му оставаат многу слободен простор и постојано да го превземаат во одбраната.
Сопствениците на ресторан во Лондон најдоа начин како да ги утешат разочараните навивачите на Тотехнем. Тие ќе даваат бесплатни хамбургери за сите оние кои ќе им ги донесат дресовите на Герет Бејл.
Жозе Мурињо потпиша договор со траење од една година за Фулам. Синот на тренерот на Челси чие цело име е Жозе Марио Мурињо Џуниор ќе го брани голот на екипата на Фулам до 14 години.
Европската куќа на фудбалот може да се пофали со доста солидни бројки откако го воведе новото правило за штедење на клубовите. Загубите на европските екипи по воведувањето на фер плејот за трошење пари се намалиле за дури 600 милиони евра.
Атрактивниот гол со ножички на Дејан Блажевски од Турново веднаш се најде на порталите каде можеме да ги видиме најубавите голови од сите лиги во светот. Воодушевен од оваа мајсторија против Еуромилк, Педро од Барселона почна истото да го вежба на тренинг.
Еден од најпознатите фудбалски колективи од Холандија и клубот кој беше скалило во кариерите на Руд Гулит, Ромарио, Роналдо и Руд ван Нистелрој, Спортскиот клуб Филипс или познат како ПСВ Ајндховен прослави 100 години од постоењето.
Фудбалскиот клуб Ајакс е познат „расадник" на таленти, а еден од нив е и Србинот Дејан Мелег кој на натпреварот за младинскиот тим против врсниците од ПСВ постигна по неговата лудорија со петица.
Немаше воопшто да се зачудиме ако ова се случеше во некој македонски клуб, но ете, грешат и големите. Мбаје Нијанг нема да игра во Лигата на шампиони заради грешка на администрацијата на Милан.
Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.
Во 1905 година најскапиот фудбалер бил Алф Комон кој направил трансфер од 1000 фунти, по дури 70 години Јохан Кројф прави трансфер за неполни 1 милион фунти, а овие денови вистински хит е рекордот на Герет Бејл кој се продаде за 86 пати повеќе од холандската легенда.